• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога јагнињата (привремено) ќе стивнат

October 26, 2018
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога јагнињата (привремено) ќе стивнат

October 26, 2018 07:49
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]К[/dropcap]авгите, чистките и рекомпонирањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ – од пред некоја вечер, 100 отсто демократски реформирана и декриминализирана! – донесоа и слична „раздвиженост“ во светот на медумската пропагандна машинерија на некогаш моќната медиумска операција на оваа партија. Таа машинерија – памтите: Сител, Канал 5, Дневник, Вечер, Курир…? – со години беше „ударната тупаница“ на власта на Груевски употребувана за масовно „перење мозоци“ на македонското граѓанство. Се занимаваа и со систематска компромитација на политичките опоненти од светот на политиката, како и на сите оние непартиски и независни поединци и групи кои имаа храброст да им се спротивстават, кога власта под себе ги имаше (и без ограничувања ги употребуваше) сите органи за прогон и репресија под своја директна контрола.

„Десната рака“ на Груевски, убер-пропагандистот Мартин Протуѓер, беше задолжен за координација, инспирација и контрола на работењето на тој злокобен агитпроп, обилно финансиран со пари од државата.

Денеска тие „јагнешки бригади“, таа „сцена“ е прилично разнишана, обесхрабрена и без пропагандното влијание што некогаш го имаше. Сепак, можеби е интересно да се направи една кратка, „џебна“ анализа – макар и упростена, заради потребите од генерализација на „темата“ – на тоа кој и како сега „пазарно“ се снаоѓа во светот на актуелната вмровска пропаганда… Што велат моите извори во и околу ВМРО-ДПМНЕ?

Најнапред, односите со јавноста и понатаму се „десна рака“ на претседателот на партијата, Мицкоски, а нив главно ги водат партиските кадри Александар Николовски, Иво Котевски, Наум Стоилковски, но и со барем повремена „асистенција“ на Мартин Протуѓер. Има во тоа и по некој странски консултант, но тоа сега и овде не е најважно.

Под нивна контрола – веројатно во содејство со Владо Мисајловски – се командува и со секојдневната „црна“ ФБ-пропагандна операција, со неколку десетици партиски младинци распослани со профили-лажњаци, ботови, твитер-провокатори и сл.

Не се знае што разговарал Мицкоски пред десетина дена со Орбан во Будимпешта, но со оглед на поддршката што сегашниот лидер на опозицијата ја добива од „унгарските“ медиуми во Македонија – да не заборавиме, пред повеќе месеци, со наводен унгарски капитал, овде беа купени ТВ Алфа, како и порталите курир.мк, република.мк, лидер.мк… – се чини дека зад нивната сопственост сепак стои „партиски ентитет“ (ВМРО-ДПМНЕ?), а не евентуалниот „емигриран“ надвор, испран, па „имигриран“ назад во Македонија „приватизиран“ капитал на лице/лица од врвот на бившата власт. Со други зборови, можеби Мицкоски кај Орбан се појавил со „имотниот лист“ на тие медиуми, за да се воспостави функционално „владение“ врз тој ресурс?

Потоа, го имате „интелектуалното крило“ на таа медиумска поддршка (Горан Момировски, Димитар Чулев, Роберт Димитриевски, Драган Чешмаџиски…) сконцентрирани во експрес.мк. Истовремено, тоа е и пропагандната „цитадела“, мостот што го поврзува Мицкоски со кабинетот на антизападниот стратег во земјава, Ѓорге Иванов, пред сè со омнипотентниот (и омнисомнителниот) советник на Иванов, Синиша Алексоски, кој управува со своја пропагандна платформа (благодарејќи на ресурсите на Агенцијата за разузнавање и тн.).

На нив се надоврзува една мошне интересна колекција од овдешни и од луѓе од дијаспората (како Филип Јолевски, Цветин Чилиманов и тн.), инспирирани од Златко Ковач, сегашниот уредник на рускиот Спутник во Вашингтон (!), инаку некогаш „пропаганден специјалец“ на американскиот Пентагон (тоа е приказна за другпат, не помалку интересна, бидејќи човекот, меѓу другото, е од Велес…).

На нив се „врзани“ и еден-двајца „стивнати“ македонски амбасадори, луѓе од доверба на Иванов, кои под псевдоними работат за антизападната пропаганда во Македонија (додека се на платен список на македонската дипломатија).

Се разбира, не може да се избегне ни „кого-удрам-не-жалам“ екипата на комплетно одлепените Мирка, Миленко, Палчо и слични тотални лузери и разно-разни полициски „олуци“ распоредени по блогови и опскурни порталчиња како инфомакс.мк или нетпрес.мк…

Како релативно независни, но цврсто вмровско определени портали се и некои на локални вмровски величини, како маркукуле.мк на прилепскиот пратеник Димитар Стевананџија.

Од оваа колекција, за сега, како да е излезен прес24.мк (на сителовите уредници Цаци и Сарма), кои се еден од ретките сигурни медиумски „прозорци“ за Сашо Мијалков во моментов. Ќе видиме до кога на Мијалков ќе му се исплати таа долгогодишна „инвестиција“…

Конечно, МРТВ е посебна приказна, но неа сите ја знаат.

Како што се гледа, со оваа медиумска „екскурзија“ – можеби некого пропуштив? – си ја зедов бељата на глава, бидејќи сега половина од спомнатите веројатно ќе ме растргнат по своите медиуми, пара-медиуми и со „специјалците“ на социјалните мрежи.

Ама, па, со оглед на милионите народни евра со кои со години ги „раневме“, како олеснителна околност, молам оваа колумна да биде сфатена како службен допис до нив од македонската јавност и сите полнолетни граѓани на Македонија, како нивни правосилни мнозински акционери. Значи, уживајте во слободата на пишаниот и изговорен збор во Македонија, само немојте да заборавите кој за каква слобода се залагаше додека ВМРО-ДПМНЕ апсолутистички владееше со државата.

 


Преземање на содржините НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста

Print Friendly, PDF & Email
Share795Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ