• Latest
Ерол Ризаов

Кога ќе почнете да месите зелник

September 10, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Кога ќе почнете да месите зелник

Во медиумска популистичка наезда на „добри вести“ за големи успеси на власта и лоши вести за опозицијата најдобро се прикрива што ништо не се работи за остварување на најзначајните државни интереси.

September 10, 2024 18:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

ЕРОЛ РИЗАОВ

Со нетрпение ја очекувам ексклузивната телевизиска  најава кога премиерот, претседателот на државата , министрите и партискиот пропаганден врв на власта,  во раните утрински часови, опашани со кецели и со тавата во раце, ќе вртат палачинки и ќе месат зелник. Таков спектакуларен директен ТВ пренос не смеам да пропуштам. Тоа ќе биде многу позабавно од наездата  за големите успеси што владата ги постигнува секоја минута, пренесува македонската редакција на Дојче Веле.

Само ќе мора малку да повежбаат дома да не им се случи некоја палачинка да им плесне на земја, или да им изгори зелникот, па да не се за јадење. Сепак, месењето зелник е подобра варијанта, еднаква како месењето на граѓаните.

Македонската бледа копија на популизмот на српскиот претседател Александар Вучиќ постигнува и кај нас извонредни  резултати на ТВ екраните и на социјалните мрежи. Разликата е во тоа што Вучиќ покрај популизмот има и успеси. Овие нашиве властодржци  уште ништо не направиле, а веќе на цел глас се фалат. Кога се кријат злоупотребите од јавноста важи максимата – тоа што не е објавено не се случило. Сега е отидено голем чекор напред – тоа што е објавено како голем успех најчесто е голема лага, ама ефектот кај воодушевените гледачи е ист како да е вистина.

Затоа е голема  медиумска наезда на „добри вести“ за моќната власт и лоши вести за слабата опозиција. Така најдобро се прикрива што ништо не се работи за остварување на  најзначајните државни интереси и покрај тоа што  власта има комотно двотретинско мнозинство во Собранието  да ги донесе сите потребни одлуки. Соочена со откривање на предизборните лажни ветувања одлучи да ги одложува државните национални интереси со кампања  за локалните избори што ќе се одржат идната година.

Кога ќе се качиш на погрешен воз, симни се

Деновиве прочитав една убава мисла: кога ќе се качиш на погрешен воз, симни се на првата станица. Што подолго патуваш во погрешен правец, поскапо ќе го платиш повратниот билет. Англичаните се уште попрецизни. Тие велат: Кога ќе паднеш во дупка, прво што треба да направиш е да престанеш да копаш, оти што повеќе копаш, подлабоко пропаѓаш.

Пред повеќе години го прашав д-р Методи Чепреганов, вечна му слава, дали популизмот е болест. Беше категоричен. НЕ, рече, тоа е добро пресметана политичка стратегија. Станува неизлечива болест кога политичарите почнуваат да веруваат во своите лаги. Од тоа полошо е кога и мнозинството граѓани верува во лагите.

Сега сме во една таква фаза кога сѐ уште се верува во лагите и не се симнуваме од возот што по брза пруга оди во погрешен правец.  Како може поинаку да се толкува кога еден универзитетски професор по егзактни науки станал премиер, па на своите колеги универзитетски професори и научници јавно ќе им каже дека  некои од нив  како членови на заедничката  бугарско македонска историска Комисија недоволно ги бранат државните и национални интереси, што значи дека работат против интересите на Македонија.  И згора на тоа  дека академикот Драги Ѓоргиев кој претседава со Комисијата  коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Јако. Многу јако и многу навредливо. Автогол во 95 минута.

Ме изеде туѓиот срам

Кога ги слушнав овие зборови емитувани како главна вест во сите медиуми си ја покрив главата со ќебе, ме изеде туѓиот срам.  Професорот Христијан Мицкоски  како премиер  фрли анатема врз свои колеги кои со години водат тешки расправи со бугарските историчари, не за да пишуваат нова историја, туку како денешните генерации Македонци и Бугари да престанат да се мразат поради минатото, како што во тоа успеале по повеќе децении научни расправи Французите и Германците, иако војувајќи меѓу себе во двете светски војни имаат милионски човечки жртви и поминале низ ужаси и разорувања.

Не можел професорот Мицкоски да направи поголема штета на Македонија кога како премиер  јавно  жигосува членови на историската Комисија  дека не ги бранат националните интереси. Поголем доказ од овој „лупинг“ дека политиката ќе диктира како да се толкува науката тешко може да се најде и слушне. Во историската наука, иако доказите од историските настани мора да бидат точни  исто како во егзактните науки, тие секогаш можат да се оспорат ако политиката ги замеша прстите како што е случајот со Бугарија и со Македонија низ целата историја до ден денешен.

Пред две години, претседавачот  на Историската  комисија  Драги Ѓоргиев и неговиот колега, член на Комисијата,  историчарот Петар Тодоров во време  кога ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа во опозиција, а СДСМ и ДУИ на власт, излегоа со јавно соопштение и со сериозна критика дека политиката им врши притисок. Тоа соопштение, ако воопшто го прочитал Мицкоски, немаше да приопшти такви груби навреди и опасни тези на вмешување на политиката на најлош можен начин прогласувајќи ги историчарите без малку  за предавници на националните интереси. Најверојатно дека на овој недоличен чин за еден универзитетски професор, па макар бил и премиер, да се пресметува со свои колеги и преку нивна јавна клевета, е да формира нова Комисија која ќе ги брани националните и државни интереси по негов терк.

Дали тоа значи дека  ќе се назначуваат  нови политички подобни членови на Историската комисија кои ќе работат под партиско влијание. Премиерот тоа јавно го озаконува. Ај да го видиме и тоа чудо, кои ќе бидат тие историчари кои ќе се согласат да работат во Комисијата под диктат на политиката.

Мрачните сенки на политиката над минатото

Еве го соопштението на Ѓоргиев и Тодоров од пред две години па просудете самите кој за што е. Кој сака коленичење и политички диктат, а кој со наука ги брани националните интереси. Тогаш Ѓеоргиев и Тодоров се обратија до јавноста со следното соопштение: „Кога научни конференции и дебати за минатото се организираат, или се поддржани од политичари, кога на нив тие се главните актери, кога гласот на политичарите е посилен од тој на историчар(к)ите и кога нивните изјави за минатото се најцитираните во медиумите, а историчар(к)ите учествуваат во тоа седејќи покрај нив и давајќи легитимитет на злоупотребата на историјата за политички и партиски цели, тогаш тоа не е ништо друго освен страшен пораз на историографијата и историчар(к)ите.

Доколку се променат актерите (не сите) и иконографијата на ваквите политички научни конференции, тогаш пред нас се враќаат сликите и контекстот присутен на овие простори пред повеќе од 30 години, период во кој политичко-идеолошката контрола над историографијата и самоцензурата на историчар(к)ите беа доминантни во толкувањето и презентирањето на минатото. Всушност, битката за минатото меѓу Македонија и Бугарија продолжува на ист начин, само историскиот и идеолошкиoт контекст е различен.

Злоупотребата на историјата  за политички и партиски цели која ја сведочиме деновиве, има за цел да испрати порака до сопствената јавност, до „своите“, да помогне во политичката борба на оние кои го промовираат овој пристап и  злоупотреба на историјата,  но, и до другата страна дека „историската објективна вистина“ припаѓа само на ‘нашата’ страна и секаков разговор и можноста за поинаков пристап и поглед кон минатото претставува фалсификат, предавство и е неприфатливо.

Во оваа политичка борба и злоупотреба на историјата целта не е да се научи од минатото, да се разбере улогата на одредена историска личност, или значењето на одреден историски настан за нас, за нашата држава и за сите оние кои ги сметаат како дел од својот идентитет, туку да се игра и манипулира со чувствата на граѓаните, да се создаде претстава за предавство, за несигурност, за губење на идентитетот, едноставно, да се создаде состојба на страв по која ќе дојдат спасителите, поточно истите оние кои го креираат стравот и несигурноста.

Сето тоа покажува дека македонското и бугарското општество и најголем дел од македонските и бугарските интелектуални елити не се подготвени  за отворен и академски дијалог ослободен од политички влијанија за најчувствителните прашања, а национализмот и партиските интереси не се одвоиле од историјата.

За жал, мрачната сенка на политиката сѐ уште господари над минатото кое останува инструмент во постигнување на политички и партиски цели“.

Ете ова соопштение кое јасно ја лоцира мрачната сенка на политиката над науката како инструмент на партиски цели не ја поштедува ни Бугарија ни Македонија од злоупотребите  и притисоците да нема научен дијалог кој најверојатно поради чувствителноста на темите за историското минато можат да потраат уште долги години. Политиката е таа која треба да обезбеди непречена работа на Комисијата без никакви притисоци со тоа што ќе постигне добрососедски односи, да не се попречува Македонија во преговорите со ЕУ поради работата на Комисијата. Јавната закана на премиерот  Мицкоски до членови на Комисијата за недоволна одбрана на националните интереси  всушност ја ослободува Бугарија од одговорноста за политичкиот притисок што таа го врши врз Македонија и врз Комисијата за историското минато.


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од DW.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ