• Latest
Бранко Тричковски, колумнист

Кога мртвите расправаат за плочата со која се покриени

January 15, 2023
Хамас објави видео снимка од заложникот Евјатар Давид, кој е во очајна состојба. Фото: Скринчот од видео на Guardian News

Светските лидери ги осудуваат објавените видеа од изгладнетите израелски заложници во Газа, додека Црвениот крст бара пристап до нив

August 4, 2025

Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободил во вратот, стомакот и надлактицата

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно ги прикажува последиците од нападот со украински дрон врз железничката станица Арчеда во градот Фролово во руската Волгоградска област преку ноќ на 4 август  Фото: Х

Масивен украински напад со дронови ја таргетираше руската железничка станица во Волгоградската област

August 4, 2025

Над 8 милјарди тони пластика го загадува светот, помалку од 10 отсто се рециклира

August 4, 2025
Aleksandar Vucic/Milorad Dodik
Source> Wikipedia

Вучиќ одбива да ја признае пресудата против Додик: Србија повторно против меѓународната заедница

August 4, 2025
Арбен Таравари, интервју за ЦИВИЛ Медиа
фотографија: Ариан Мехмети/ЦИВИЛ

Таравари реагира на националистичките скандирања во Куманово: Овој опасен дух за земјата и Регионот што го носи ветерот од Србија, мора да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source> screenshot AP

Израелските сили убија најмалку 27 лица пред пункт за храна

August 4, 2025
Фото: ЦУК/Фејсбук

ЦУК: Активни четири пожари, два под контрола

August 4, 2025
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кога мртвите расправаат за плочата со која се покриени

January 15, 2023 10:53
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Бранко Тричковски, колумнист

Бранко Тричковски, колумнист

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Како да се обединиме во чесноста кога сите сме нечесни. Станавме нечесни. Кон историјата, кон стварноста, кон вистината. Кон себе. Почетокот на тоа станување се поклопува со појавата на вмро-дпмне. Вие ја донесовте и инсталиравте културата не бесчестието.

Оско моја!

На ротацијата.

И ретардацијата.

Ти си особено нечесен.

Твојата понуда е нечесна.

Твојата партија е нечесна.

Твоите претходници се нечесни.

Како може шефот на злосторничката инсталација која уништи сѐ до што се фати и како власт и како опозиција, да повикува на обединување во чесноста.

Тоа што ти го говориш се бесмислени тралалајки.

Зошто, да речеме, да не се обединиме во богатството.

Или во љубовта и знаењето.

Во уживанцијата.

Во разбирањето на вселената.

Во производството на биомаса од чипирани идиоти.

Чесноста можеме да ја вратиме оти сме ја имале како општество и како поединци, но за тоа ни е потребна Европа. Таа жичара што ќе нѐ искачи на непалските Хималаи, ќе нѐ прочисти и ќе нѐ врати во Катманду на чај и убав муабет.

Но, ти викаш добро, но, прво да го заштитиме идентитетот од Бугарите и од Бугарија. И од Европа. Хахаха! Се разбира, тоа прво е, всушност, последно, затоа што без Европа нема идентитет. Европа е идентитетот. Другото е фолклор, сто и една приказна, распад, агонија, крај.

Ако тоа не ти е јасно, ти си или многу глупав или посакуваш таков крај на македонската приказна. И работиш тоа да се реализира. И затоа го блокираш патот во Обединета Европа. Односно ја блокираш рехабилитацијата на чесноста. Која е невозможна без дистанца од вмро како мит и, особено, како политички концепт и, од друга страна, без близината на Унијата.

Кој идентитет браниш ти, што е тоа, како изгледа, има ли мустаќи…

Или е тоа само средство да се предизвика, понижи и утепа, комплетната модерна историја на македонскиот народ и неговата држава.

Не постои македонски идентитет без движење напред.

Инаку би можеле да го чуваме во некој банкарски сеф или да го осигуриме во Граве.

Не ни треба вмро.

Како што и вака не ни треба.

Кој си ти?

Утре да ги прифатите уставните промени ќе треба сто години да работиме за да ја отстраниме штетата што во овие седум години, посебно во последнава година, ги нанесовте врз граѓаните, нивната заедница и државата.

Врз Македонците посебно.

Како не ти е страв?

Од луѓето. Од судбината. И од Бога. Не ми е јасно.

Ниту Турците, ниту Германците, ниту Италијанците, ниту Србите, ниту Римјаните, ниту Бугарите, ниту Грците, никој му нема направено поголемо зло на македонскиот народ од вмро-дпмне.

Никој.

Македонците се луѓе кои на трибините на стадионот на кој Македонија го игра историскиот Супер бол, играат јамб и разменуваат сликички за своите албуми „Животинско царство“. Се караат, се плукаат, ги вознемируваат другите гледачи и цело време ротираат околу искривената Оска на еден лудак. Тоа си ти, нормално. Со политички, дури и премиерски амбиции.

Ја промашуваат темата на времето и смислата на своето постоење, приоритетите кои можат да ги однесат до вистинското самоостварување.

Така е во метафората, но така е и во реалниот живот.

Корупцијата е важна тема, се разбира, макар што јас мислам дека е функционално надуена и абартирана, има турбо полнење со што перцепцијата се прави сто пати пострашна од реалната состојба, корупцијата кај нас не е проблем за решавање, туку проблем за спуштање и кревање на партиските рејтинзи, но нека да се согласиме, нема збор, дека темата е важна. Како што е важна и темата за загаденоста на воздухот, состојбата со културното наследство или образованието.  Или инцидентите со кучињата, со неодговорните возачи, министри, директори, судии, обвинители.

Нормално е владата да е прва адреса на критиките и на другите изрази на граѓанското незадоволство.

Но, мене ми се чини дека тие работи се како коцки со кои луѓето на трибините играат јамб додека Македонија игра финале на сѐ или ништо.

Ако се разбираме.

Темата за Европа е над сѐ.

И како цел и како процес.

Без таа тема или, уште повеќе, со деформацијата на таа тема во интерпретациите на вмро, Македонците ќе можат да расправаат за кучињата, за воздухот или за корупцијата и судството, како што мртвите ќе можат да расправаат за изгледот на мермерните плочи со кои ќе ги покријат.

Тоа што јавноста во еден многу широк опсег, медиумите скроз на скроз, односно сто отсто, не се занимаваат ниту се возбудуваат околу блокадите на вмро, покажува дека тој дел од нацијата е со скинати синапси и е деловно неспособен, нема елементарна ориентација во просторот и во времето, дезориентиран е…

Има внимание на куче кое за добро парче месо ќе го заебе целиот имот што му е даден на чување.

Да не е така, веќе требаше нацијата да излезе и да рече доста бе со овие заебанции со националните интереси и идентитетот на начин на кој со секоја одбрана тие елементи стануваат се послаби… Одиме во Европа, Европа и само Европа и нејзините стандарди можат да бидат контекст во кој ќе се одвива политичкиот натпревар и ќе се решаваат внатрешните конфликти и проблемите за кои тука стана збор на регуларен начин.

Правно, пред сѐ.

Блокадата на Европа не е одбрана на идентитетот чиј идентитет допрва треба да им се утврдува на вмороните, туку прилог кон нерешавање на ништо.

Хахаха!

Сите имаме џипиеси и тука нема многу место за субјективни интерпретации. Секој може од центар до Влае да отиде и преку Гевгелија, но секој нормален ќе се симне на кејот и за дваесет минути ќе отиде пешки.

Секој ден се бара по некоја оставка, де на овој, де на оној министер, па на целата влада и океј, тоа е демократски, макар што, како што реков, ми пречи инсистирањето на тој негативизам кој ја претвора критиката во деструкција, во драматично растурање на општеството и на државата. Штетата од тоа не е само кај комуњарите или предавниците, штетата е иста и за вмороните само што лопатките на нивните слепоочници не им дозволуваат тоа да го видат.

Но, не гледам дека некој врши притисок да се крене блокадата од најважното прашање, промената на уставот односно одзатнување на евроинтеграциите.

Другото е, како да кажам, како расправа со бродскиот оркестар околу тоа што и како свират, како тоа не знаат ништо од Харис Џиновиќ или од Пепи Бафтировски, додека бродот тоне затоа што другарот околу кого се ротира со главата го заглавил кормилото и истурил еден шлепер песок во дизелот.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот. | Извор: FRONTLINE
Print Friendly, PDF & Email
Tags: вморониЕвропазлосторничка инсталација
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ