• Latest
Добро утро со Орданоски

Кога овците ќе стивнат, тука е Геро за да ги пробуди!

January 6, 2020
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Кога овците ќе стивнат, тука е Геро за да ги пробуди!

Знаете како одат валканици од ваков тип: сега Героски (неверојатно!) се повикува на дискредитациите на вечер.мк; па вечер.мк ќе се повика на лагите на Героски; па нив ќе ги преземат десетина други канта-тропа портали, па ќе завршат во некои дебати по националните телевизии и во хистеријата на фејсбук, па ќе ви го вмешаат и семејството, додека не се заборави кој што рекол...

January 6, 2020 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Последната колумна на Бранко Героски „Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата ‘Рекет’ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?“ е пропагандистичка валканица што ќе остане долго да се памети во „подземјето“ на македонските политички пресметки. Текстот е објавен ден по формирањето на техничката предизборна влада, на почеток на продолжен празничен викенд, за да постигне максимален читателски пропаганден ефект.

Исправно, така се прави тоа. Ефектот ќе си биде постигнат, бидејќи зад целиот напор стои вешта и со години вежбана екипа за правење „црни“ кампањи за дискредитација на политички противници и за карактерни ликвидации.

Зад ваквото пишување на Героски стојат две конкретни пропагандистички намери.

Прво, судското одвивање на „Рекет“ не им ги дава очекуваните предизборни намери. Во правосудната иницијатива без преседан, под жесток пропаганден и правен притисок и на самото Обвинителство, одржани се бројни рочишта на кои од сведоците, од обвинетите и од објавените докази дознавме сочни детали за односите помеѓу „сведокот-жртва“ и обвинетите, на начин што и понатаму ја држи отворена дилемата за тоа дали расприкажаното друштво по телефони и на домашни седенки работело на добро разработена шема за нудење поткуп или за глумење рекет? Од до сега виденото и слушнатото – бидејќи не знаеме што понатаму ќе се изведува како докази – НЕМА докажани сознанија за директна вмешаност на дискредитираната Катица Јанева во шемите за поткуп/рекет; и НЕМА докажани сознанија за вмешаност на Заев(и) во наводното рекетирање на сведокот-жртва. Можете за нив „вонсудски“ да мислите што сакате, но во судската постапка, до сега, такви докази, па дури и убедливи сведочења (вклучувајќи го, напротив, и она на самиот „сведок-жртва“) не се изведени.

Тоа е причината за втората, валкана димензија на текстот на Героски. Тој текст ќе го прочитаат илјадници луѓе, штетата несомнено ќе се направи врз неименуваните „пет луѓе блиски на Заев“ за кои во еден пара-новинарски, „кики-фрики“ стил авторот на текстот инсинуира разни фантастични работи, но писанието е, всушност, наменето за само ЕДЕН читател во Република Северна Македонија: за Боки 13.

Имено, уште од самиот почеток, аферата „Рекет“ има несомнена политичка мотивација – растурање на СЈО (остварено) и пад на СДСМ и Заев од власт (се работи на тоа да биде остварено). Пропагандната замисла беше скандалот да ДОВЕДЕ до смена на власта во Македонија.

Е, ама, судскиот тек на предметот, до сега, не оди во таква насока. Аферата се „издишува“ и пред да почне кампањата за изборите во април. Медиумските известувања од судењата стануваат по малку и здодевни, репетитивни, без суштински новитети во предметот. Модните детали за облеката на присутните во судницата станаа поважна вест од кривично-правното расветлување на настаните.

Затоа, предизборно, на пропагандистиве им е насушно потребно сведочење на Боки 13 КАКО ШТО Е ОПИШАНО во текстот на Героски. Паралелно со тоа, не би се изненадил, Боки да добива и друг вид на понуди и гаранции (а не само закани, како што вели самиот) доколку сведочи како што замислиле сценаристите на „Рекет“. Нив „ги заболе“ за Боки и како тој ќе заврши, единствено ги интересира да добијат доволно пропагандна „муниција“ од сведочењето на првообвинетиот, за да ја „развлечат“ на предизборните митинзи.

Додуша, тие, за секој случај, уште од почетокот се жалат дека судењето е „наместено“ и дека се одвива под притисок на власта, па доколку не добијат првостепена пресуда каква што политички им „одговара“, сосема доволно ќе им биде евентуално „спектакуларно“ сведочење на Боки 13 за да ја заокружат својата вонсудска, предизборна пропагандна намера.

Тоа сега го одработува Героски: наново го „енергизира“ „Рекет“ во јавноста, бидејќи изборите се ближат, а статистиките не се поволни. Па, немаат и некоја друга афера или само  на „Рекет“ ќе се потпрат?

Е, сега, за дел од содржината напишана од Героски…

Набрзо по објавувањето на неговиот текст, му се обратив на неговиот профил на фејсбук со просто прашање под објавениот текст: „Геро, извини, за да нема непотребни недоразбирања, го прочитав написот и би те замолил јавно да соопштиш дали сум јас, Сашо Орданоски, тој ‘познат новинар’ итн. за кого пишуваш?“

По неколку часови, наместо со едноставно да или не, Геровски ми одговори: „Сашо, во овој момент, кога случајот ‘Рекет’ е во фаза на судење и на можни дополнителни инкриминации, можам само да ти оговорам дека јас никого не инкриминирам, па ни тебе. Според тоа, одговорот и за тебе е ‘не’. Впрочем, Кабранов се огласи во името на тимот на 1ТВ. Ќе дојде време кога препознавањата ќе се случат на легитимен и легален начин.“

(Патем, Кабранов се огласи во свое име, не во „името на тимот на 1ТВ“, што е уште една мало, но „перспективно“ подметнување на Геро…)

Героски не е будалетинка од типот на Љупче Златев, на пример, за да не ја знае разликата помеѓу „инкриминација“ и „инсинуација“. Суштината на „кики-фрики“ кукавичкиот, квази-новинарски стил е што, имено, не „инкриминира“, за авторот да не заврши на „легитимен и легален начин“ таму каде што се заканува дека ќе завршат сите за кои со месеци, „во фаза на судење“, шири „езоповски“ инсинуации.

Во блуткавата „чорба“ треба да измешате доволно факти, полувистини и тотални бесмислици, за целата анонимна дисквалификаторска конструкција да делува уверливо, сега и овде, пред да „дојде време“ за „легитимни и легални“ препознавања.  На пример: Геро инсинуира дека дури на нам ЧЕТВОРИЦА (се препознавам себе и проф. Фрчкоски, не сум сигурен кои се другите двајца) ни требало време и енергија, од „втор план“ (?), да ја воспоставиме рекетарската врска меѓу Катица и Боки?! Па-па-па, каква опасна и компликувана операција, небаре Кисинџер сме го спојувале со Јасер Арафат! (Фрчко мора да се моча од смеење…)

Нема ништо повалкано и помизерно од тоа што го прави Героски. Сè што напишал за случувањата во 1ТВ е комплетна, злобна измислица.

Сепак, текстот на Героски има и една „динамична“ предизборна компонента, бидејќи во целата валкана интрига вклучува десетици колеги, во нивните минати и сегашни медиумски активности. Сите тие, на свој начин, се докажани професионалци и влијателни во својата работа, што ги прави легитимна мета во широкиот фронт за предизборни дискредитации од страна на „тимот Героски“. Баш жално.

А, знаете како одат валканици од ваков тип: сега Героски (неверојатно!) се повикува на дискредитациите на вечер.мк; па вечер.мк ќе се повика на лагите на Героски; па нив ќе ги преземат десетина други канта-тропа портали, па ќе завршат во некои дебати по националните телевизии и во хистеријата на фејсбук, па ќе ви го вмешаат и семејството, додека не се заборави кој што рекол…

Е, добро де. Таа ужасна пропагандна екипа со години го прави тоа па тоа. На Героски и боја му истураа врз глава, кога самиот се прогласи за медиумски лидер во борбата против нив. Тој сега само ја унапредува нивната методологија: наместо боја, истура пропаганден инсинуирачки измет врз главите на оние со кои „рамо до рамо“ се бореше да ги симне нив од власт.

Со него, нив ги преживеавме и ги поразивме тогаш; со него кај нив, ќе ги преживееме и ќе ги поразиме и сега. Така ќе си бидне таа работа.

 


Сите права се задржани.  Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ