Од бележникот на набљудувачите на ЦИВИЛ
Во Тафталиџе, сите избирачки места, очигледно, на првиот круг од гласањето за претседателските избори, биле за ВМРО-ДПМНЕ. Или да биде појасно, во сите нив се гласало за оваа партија.
Од белешките на набљудувачите на ЦИВИЛ, издвојуваме една изјава на граѓанка што дошла да гласа. Жената во одминати години влегла и ги прашала членовите на избирачкиот одбор: „Во кои гласачки места се гласа за ВМРО-ДПМНЕ?“
„Сите гласачки места се за ВМРО-ДПМНЕ“, одговорил „мудро и прописно“ еден од членовите на Избирачкиот одбор.
ЦИВИЛ Тим за комуникации