• Latest

Кој ќе го измие срамот на новинарските здруженија по нереакцијата на атаците од Мицкоски

March 2, 2023

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кој ќе го измие срамот на новинарските здруженија по нереакцијата на атаците од Мицкоски

March 2, 2023 14:08
in МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Еве ме како пет дена рефреширам официјален мејл на Фронтлајн, официјален веб сајт и Фејсбук страници на ЗНМ, ССНМ… барам реакција, или што и да е, за заканите од Христијан Мицкоски, за клеветите кон нашиот и кон неколку други портали за пренесена вест, ама сак’н, нема такво слово.

Пред, неколку денови лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, изврши брутален напад врз слободата на известување на неколку интернет портали. Се закани Мицкоски со тужби, на неговиот фејсбук профил (на Фронтлајн и преку адвокат) затоа што сме пренесле вест за неговите наводни скриени милионски во евра имоти.

И во Парламентот имотот на Мицкоски стана една од главните теми за расправа на собраниска седница.

И обрнете внимание драги мои, „големиот лидер“ од „малата“ бела палата, немал намера да ги тужи премиерот и политичарите, туку се нафрла со „дрва и камења“ на неколку медиуми за пренесена вест.

Оние, пак, што треба да го штитат медиумскиот простор, медиумите и новинарите од безумните атаци пред сè на политичарите, молчат.

И тоа е една така апсурдна ситуација од која ми се превртува во стомак од сите нив заедно.

Медиумските здруженија во државава ни, чија задача е нели да ја бранат слободата на известување, слободата на говор и разоткривање на вистината, се пикнаа во дупка и еве веќе пет дена глава не покажуваат. Никаква реакција ни од славниот ЗНМ, ни од борбениот ССНМ.

А и официјално биле прашани од колеги уште пред неколку дена за нивниот став околу атакот со клеветите на Мицкоски и заканите со тужби (Новинарските здруженија без осуда за заканите за тужби кон медиуми на Мицкоски)

Повика и  ЦИВИЛ. „Цивил – Центар за слобода ги повикува новинарските здруженија, регулаторни и саморегулаторни тела, како и граѓански здруженија за заштита на човековите права и слободи, да го осудат и да го отфрлат ваквото непримерно однесување на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“.

Но, досега од здруженијата – МУКЛА!

Ним не им е грижа што лидер на партија која претендира да освои власт етикетира и клевети нивни колеги онака неаргументирано јавно на ачик и ги поврзува со партии, или можеби е нешто сосема друго посреди.

Фронтлајн е интернет портал со истакнат Импресум, член на СЕММ, некои колеги се членови на ЗНМ и ССНМ. Другите нападнати портали од страна на Мицкоски, исто така.

Зошто не реагираат новинарските здруженија, навистина ме остава збунет, па затоа логички се поставуваат неколку прашања:

Не го препознаваат овој очигледен напад од лидер на партија врз слободата на известување?

Не сакаат да го препознаат овој напад?

Страв им е да го соочат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со неговата медиумска неписменост и неговиот недостаток од демократски капацитет?

Зошто им е страв?

Затворени си се во некој тесен нивни клуб па не ги интересираат таму некои интернет портали во кои работат нивни колеги со повеќегодишно медиумско искуство?

Не им се допаѓа уредувачката политика?

Им се хакнати профилите на социјалните мрежи и веб страната па немаат пристап да напишат соопштение со барање до Мицкоски да се извини за атаците клеветите и етикетите?

На продолжен петдневен викенд се инаку нема проблем, таман работа?

…

Ќе се најде ли јунак што ќе го измие срамот на новинарските здруженија?


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: Frontline.mk

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ