Започна протестниот марш на Синдикатот на културата на Република Македонија за нов општ Колективен договор во културата.
СКРМ маршот го најави како последно предупредување пред најавениот штрајк. Оттаму бараат регулирање на работните односи во културата, бидејќи последниот колективен договор е потпишан пред 14 години.
„Изминуваат 14 години од последниот гранков колективен договор во културата. Четиринаесет години без јасно дефинирање и групирање на работни места во институциите, без правична валоризациjа на трудот во сите дејности, без прецизно поставување на критериумите за безбедност и здравје при работа, без додатоци од плата, теренски и службени дневници… Четиринаесет години без достоинствени плати за сите вработени“, велат од СКРМ.
Маршот започна од паркот Ибни Пајко (во кругот на НОБ, Филхармонија и Даут Пашин Амам), ќе продолжи кон зградата на Владата и ќе заврши пред Министерството за култура.
М. Ивановска
камера и фотографија: Дехран Муратов
монтажа: Биљана Јордановска