• Latest

Колку министерства доби Алтернатива во Владата, кој остана со „кратки нозе“?

December 8, 2021
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Колку министерства доби Алтернатива во Владата, кој остана со „кратки нозе“?

December 8, 2021 17:14
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот договор за влегување на партијата Алтернатива во Владата што го објавија премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши беше во фокус на интересот на медиумите. Дел од нив објавија неточни информации за бројот на министерствата и ресорите што ги доби новиот партнер во владиното мнозинство.

Во изјавата пред медиумите на премиерот Заев и претседателот на Алтернатива Гаши на 5 декември, премиерот Заев го изјави следното:

„Дел од овој значаен политички договор е дека Алтернатива ќе превземе одговорности преку нивно учество во менаџирање на неколку министерства и институции. Алтернатива ја презема одговорноста со свои кадри и од своите редови ќе назначи министер за здравство, министер за информатичко општество и администрација, и министер без ресор, задолжен за дијаспората. Владата ќе воведе неколку министри без ресор со цел подобро да се справува со сите домашни и глобални предизвици…“ (10.33-11.05 Видео стрим, Официјална ФБ страница на Заев)

Но, по изјавата, повеќе медиуми објавија вест дека Алтернатива доби три министерства, дека влегува во влада со три министерства, или дека ќе води и раководи три министерства.

Таков е случајот со насловот на Вечер: „Алтернатива ќе води три министерства, ќе има три заменици-министри и повеќе директорски позиции во државни институции“. Република објави наслов: „Алтернатива ќе добие три министерства, три заменици министри, но и Фонд за здравство, Мепсо, Железници… “,Нова Македонија напиша „Алтернатива ќе раководи со три министерства“. Р.С. Европа  објави содржина со наслов: „Алтернатива доби три министерства – за ВМРО ДПМНЕ Заев плаќа за да остане на власт“,  а Слободен Печат напиша: Три министерства, три заменички места и уште 40 функции: што добива Алтернатива со влезот во власта.

Дел од медиумите кои објавија неточни наслови, ја увидоа грешката и се коригираа: Слободен Печат насловот Алтернатива влегува во Влада со три министерства го промени во: „Алтернатива влегува во Влада со три министерски места“. Нова ТВ го смени насловот Заев: Алтернатива добива три министерства, мнозинството е стабилно  во: „Заев: Алтернатива добива три министри, мнозинството е стабилно“. ТВ 21 насловот Алтернатива ќе раководи со три министерства меѓу кои и здравство; Заев: Постигнавме вреден договор за справување со предизвиците, го промени во: „Алтернатива ќе раководи со министерството за здравство; Заев: Постигнавме вреден договор за справување со предизвиците“.

Дел од медиумите, пак, ги избришаа неточните текстови: Таков случај е со Сител и содржината Алтернатива добива три министерства, Заев ги соопшти кадровските решенија.

Всушност, со политичкиот договор Алтернатива доби две министерства и еден министер без ресор, кој ќе биде задолжен за дијаспората. Три министерски позиции, но две министерства. Во Владата сега има вкупно 16 министерства, а Министерство за дијаспора – нема.

Ги издвоивме овие неточни информации затоа што беа бројни, а и затоа што дел од медиумите се обидоа да ја однесат приказната повторно во насока на меѓуетнички пребројувања и тензии. Токму затоа, и медиумите и публиката треба да го зголемат вниманието, затоа што опасните манипулации честопати се кријат и зад навидум банални и ненамерни грешки.

Автор и водител: Петрит Сарачини

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

Стручен соработник на сценарио: Жарко Трајаноски

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ