• Latest

Комисијата на Претставнички дом на САД го обвини Доналд Трамп за „обид за државен удар“

June 10, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Комисијата на Претставнички дом на САД го обвини Доналд Трамп за „обид за државен удар“

June 10, 2022 09:20
in ВЕСТИ, ПРАВДА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата на Претставничкиот дом на САД, што го истражува бунтот и упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година, го обвини Доналд Трамп за тие настани, наведувајќи дека тоа не се спонтани немирит, туку „обид за државен удар“ и директен резултат на обидот на поразениот претседател да ги поништи изборите во 2020 година, пренесува МИА.

Со емитувањето на 12-минутното видео од смртоносното насилство, кое досега не е јавно прикажано, и со изненадувачките сведоштва на најблиските соработници на Трамп, комисијата детално аргументираше дека повторените лаги на Трамп за изборни измами и јавен обид да се запре прогласувањето на победата на Џозеф Бајден ја напаѓа и ја загрозува американската демократија.

„Демократијата се уште е во опасност“, предупреди претседателот на комисијата, демократскиот конгресмен од Мисисипи, Бени Томпсон, на дебата одржана синоќа. Тој додаде дека 6 јануари е „кулминација на обидот за државен удар, безобразен обид …за соборување на владата“ и дека „насилството не е случајност“.

Комисијата објави видео, кое претходно не беше јавно прикажано, на кое поранешниот секретар за правда Бил Бар наведува дека му рекол на Трамп дека тврдењата за наместените избори се само глупости.

Во друго видео, ќерката на поранешниот претседател Иванка Трамп сведочеше дека го почитува мислењето на Бар дека немало изборна кражба.

Некои од снимките ги прикажуваат лидерите на екстремистичките организации „Чувари на заклетвата“ и „Горди момци“ како се подготвуваат да упаднат во Капитол за да се борат за Трамп.

„Претседателот Трамп собра насилна толпа“, рече републиканката Лиз Чејни, член на Претставничкиот дом на Вајоминг и потпретседател на комисијата што водеше поголем дел од потрагата.

Чејни прочита сведоштво според кое, кога на Трамп му било кажано дека толпата на Капитол скандирала дека потпретседателот Мајк Пенс „треба да виси“, Трамп одговори дека „можеби се во право“ и дека „ тој тоа го заслужува“.

Претседателот Бајден, кој присуствуваше на Самитот на земјите од американскиот континент во Лос Анџелес, изјави дека многу гледачи „првпат ќе видат бројни детали за настаните од 6 јануари“.

Во својот коментар за извештајот на комисијата, Трамп повторно ја отфрли целата истрага и дури објави на социјалните мрежи дека 6 јануари е „најголемото движење во историјата на нашата земја“, а републиканците од Комисијата за правда на Претставничкиот дом напишаа на Твитер: „Се. Стари.Вести“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ