• Latest

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани

January 26, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Комисијата за финансирање го прифати предлогот за продолжување на рокот за финансиска помош за повеќе категории граѓани

January 26, 2021 11:38
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската комисија за финансирање и буџет како матична комисија денеска го усвои дополнувањето на Законот за финансиска поддршка на повеќе категории на граѓани со кое се врши продолжување на рокот за искористување на средствата до 31 март годинава. Предложеното законско решение е во прво читање.

Заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред пратениците образложи дека продолжувањето на рокот се прави со цел да им се овозможи на сите категории граѓани опфатени со законот да го остварат своето право на финансиска поддршка.

– Имајќи предвид дека со законот беше предвидено финансиска поддршка да добијат повеќе категории на лица кои, согласно првичните проценки изнесуваа околу 245.500 граѓани, а роковите за доставување на листите на корисници беше исклуително краток, се доцнеше со доставување, изготвување и објавување на конечната листа на корисници до банките. Заради краткиот рок на реализација, околу 22 илјади граѓани кои добија финансиска поддршка, а ги немаа ажурирано своите податоци во банките и 2132 граѓани на кои им се уважија приговорите, а не го остварија правото на оваа финснсиака поддршка, се предлага продолжување на рокот за искористување на средствата до 31.03.2021 година, појасни Ковачевски.

Законот е дел од четвртиот пакет антикризни мерки што Владата ги донесе со цел да им се помогне на граѓаните и стопанството за излез од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19. Финансиската поддршка што им се доделува на граѓаните е наменета за купување македонски производи. Согласно Законот, финансиска поддршка треба да добијат граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Комисијата денеска го разгледа и Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија за 2019 година согласно кој ревизија била извршена во 174 субјекти и изготвени се 90 ревизорски извештаи. Со ревизиите опфатени се вкупно 247 милјарди 997 милиони денари јавни приходи и 161 милјарда 586 милиони денари расходи.

Во однос на препораките, директорот на Заводот за ревизија Максим Ацевски информира дека согласно годишната програма за работа 2018-2019, дадени се вкупно 1030 препораки, а постапувањето по препораките е околу 76,6 проценти.

На денешната седница беше прифатена и Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за периодот 2021-2025 година./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ