ЗОРАН ИВАНОВ
Медиумите, оние нели главните, националните телевизии, тие посветени промотори на лоши вести, денеска некако благо и само површно и без коментар соопштија две посебно впечатливи кои или не ги разбраа добро или ги разбраа премногу добро и уредувачки премногу разочарувачки па еве овде во оваа една реченица малку појаснето дека, всушност, станува збор за веста прва според која на челната позиција на Судскиот совет, Управниот суд ја враќа од своите колеги разрешената претседателка, чин за кој и врапчињата знаат дека беше и непроцедурален и не правен и, втората, исто така од судските институции, јавното сослушување на претседателката на Врховниот суд од страна на истиот тој во јавноста веќе инкриминиран Судски совет чии членови од позиција на позиција на моќ се обидоа и неа да ја малтретираат и дискредитираат, а само затоа што, согласно нејзината позиција и совест, соопшти за индиции за странични притисоци врз судството па, сè на сè, денов некако правно демократски малку светна предновогодишно одгоре од Калето ли, од долу од совеста ли, сеедно, важното е што конечно малку посилно се заниша судството, тој носечки столб на длабоката држава.