Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска ќе учествува на конференцијата „Дигитализација на услугите во областа на образованието“, на која ќе бидат презентирани изработените електронски услуги на Министерството, а ќе се дискутира и за придобивките од дигиталната трансформација во јавниот сектор.
Конференцијата е организирана од Центарот за управување со промени и, како што е најавено, ќе учествуваат и министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галовеј.
-Електронските услуги кои ќе бидат промовирани се изработени во рамките на проектот „Дигитализација во јавниот сектор во РСМ за непречено функционирање“, финансиран од Владата на Обединето Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје. Проектот е имплементиран од Центарот за управување со промени во соработка со Министерството за образование и наука и Министерството за информатичко општество и администрација, се наведува во соопштението на МОН.