• Latest

Конгресменката Тени најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Македонија

April 29, 2022

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од ЗБ да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 и зголемување на системите за обновлива енергија

May 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најинтензивните борби досега го потресуваат либискиот главен град

May 14, 2025

Суд на ЕУ: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

May 14, 2025
Фотографија: WIkipedia

Харвард ја прошири тужбата откако Трамп откажа дополнителни 450 милиони долари грантови

May 14, 2025
Фото: миа.мк/архива

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици, предметот вратен на повторно постапување

May 14, 2025
Фото: Скриншот

Црна Гора и Украина потпишаа договор за десетгодишна безбедносна соработка

May 14, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Báo Nghệ An

ЕУ се согласи за 17-ти пакет санкции против Русија

May 14, 2025
Фотографија: Скриншот Платформа Х

Трамп најави промена во ставот на САД кон Сирија

May 14, 2025
Милорад Додик

И Литванија со санкции за Додик, му забрани влез до 2030 година

May 14, 2025
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

ВМРО-ДПМНЕ за излегувањето на Таравари од владата: Државата не оди во провалија, ги боли фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери

May 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Конгресменката Тени најави можни санкции за Бугарија поради ветото за Македонија

April 29, 2022 11:28
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Конгресменката Клаудија Тени вели дека размислува да формира коалиција на Капитол Хил што би работела на можни санкции против Бугарија оти не го трга ветото за почеток на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија.

Во интервју за Гласот на Америка, таа вели дека се покажало оти официјалното писмо што група конгресмени го испратија до бугарскиот амбасадор во Вашингтон Тихомир Стојчев не функционирало, како и дека целта на ваквата коалиција со членови од Претставничкиот дом и Сенатот, би била да ја поттикнат Бугарија на дијалог.

„Ако би можеле да најдеме накаков вид санкции што би биле ефективни за да ги доведеме на маса, или нешто што би поттикнало решение на овој конфликт и безобразно однесување, кое би можело да доведе до агресија и до проблеми во иднина во овој регион“, рече Тени.

Таа зборува за односот меѓу Скопје и Софија, ангажманот на САД во решавање на билатералниот спор, како и за безбедносните ризици за Западен Балкан од војната во Украина.

Глас на Америка: Бугарија досега не го тргна ветото и покрај посетите на Донфрид, Ескoбар и на други европски лидери, кои бараат што побрзо Северна Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ. Се сведоа ли на некој начин овие посети на политички туризам, а не на нешто што би донело реални промени?

Тени: Направивте добра поента. Мислам дека е важно да продолжиме да дозволиме Албанија и Северна Македонија евентуално да влезат во ЕУ. Навистина не можам да коментирам дали се само политички туризам или се суштински, но бугарското прашање сè уште виси. И очигледно треба да ги притискаме да се вклучат во дијалог, во разговор и да ги минимизираме нивните обиди за дестабилизација на ситуацијата за која треба да најдеме решение. Ова има негативно влијание врз остатокот на Западен Балкан. Загрижена сум дека овие разговори се во сенка на она што се случува во Украина и можеби не се толку сериозни како што би можеле да бидат.

Глас на Америка: Бугарскиот владин врв, предводен од премиерот Кирил Петков, неодамна дојде во Битола да отвори културен центар именуван по историски докажан нацистички соработник Ванчо Михајлов. Кој е вашиот коментар на тоа, и дали сметате дека однесувањето на Бугарија е во согласност со НАТО стандардите?

Тени: Очигледно не. Разочарана сум што гледам како Бугарија продолжува да постапува и време е за поагресивна акција на САД во однос на дипломатски притисок врз нив и да ги доведеме на маса. За жал, мислам дека нема да го добиеме тоа од администрацијата на Бајден. Тие не изгледаат толку заинтересирани за овој регион во светот, кој мислам дека е еден од најкритично важните региони во светот. Отсекогаш бил порта меѓу Истокот и Западот. И секогаш е многу, многу важно ние како земја да ги поддржуваме сојузниците на НАТО во овој регион. Како што знаете, не се сите сојузници на НАТО, и не се сите во ЕУ. Значи, имаме многу историја и години на борба во овој регион.

Глас на Америка: Бугарскиот претседател Румен Радев рече дека македонскиот идентитет е фалсификат на комунистичката интернационала. Со вакви коментари, верувате ли дека Бугарија е всушност сериозна во преговорите да го тргне ветото до крајот на француското претседателство со ЕУ во јуни?

Тени: Не сум сигурна дека навистина можам да кажам што мислам дека ќе направат. Нивните постапки досега не ни дадоа позитивно чувство за она што го прават во однос на одговорно лидерство. Ќе видиме што ќе се случи понатаму со ветото. Тешко ми е да предвидам што ќе се случи и да шпекулирам за тоа кои се нивните намери.

Глас на Америка: Претседателот Радев вели дека Македонците се фалсификат, како што Путин вели дека Украина е измислена држава. Јавноста прави споредба меѓу двата наратива. Дали вие гледате сличност во изјавите?

Тени: Не ги видов тие коментари, но тие звучат многу како Путин. Звучи како некој што е диктатор, или кој сака да биде диктатор, кој сака да стекне моќ, а не навистина да обезбеди лидерство и да биде вистински лидер да ги штити и унапредува интересите на Бугарите. Мислам дека тој се докажува себеси како несоодветен за работата. За жал, не мислам дека тие имаат слободни и фер избори во таа земја, исто како што немаат во Русија, и сигурна сум дека имаат многу силна пропагандна машина што го одвраќа народот навистина да ја дознае вистината. Тоа е дел од напорите што САД би можеле да ги направат со посилни дипломатски односи и посилен дијалог, за да обезбедат ресурси што им се потребни на овие земји да можат да ја запрат дестабилизацијата и да им дадат на граѓаните можност за подобар владин систем, подемократски.

Глас на Америка: Сметате ли дека санкции против Бугарија во овој момент се разумни со оглед на тоа што две години го блокира почетокот на пристапните преговори?

Тени: Би сакалa да видам повеќе информации за тоа што всушност може да биде ефективно во однос на санкциите. Понекогаш иницираме санкции и тие не се ефективни. Знаеме дека долги години имавме санкции за разни субјекти, без разлика дали тоа беа Иранците, Русите… Тие не ги спречуваа или одвраќаа во многу случаи. Како и со Русите, да бевме поагресивни во енергетските санкции, бидејќи знаете дека гасот и нафтата ја движат руската економија, ќе беше поболно за нив. Но, тие санкции сè уште не се воведени. Нема да бидат до јуни. Така, Русите и остатокот од светот продолжуваат да ја финансираат и поттикнуваат оваа ужасна војна и злосторствата што ги гледаме во Украина. Мислам дека ќе видите нешто слично. Можеби треба да имаме подобра стратегија што всушност би ги испровоцирала Бугарите до ситуација да ги запрат напорите за дестабилизација и на многу начини навредливите потези што ги прават, наспроти, знаете, санкции што нема да имаат никакво влијание врз нив. Mислам дека треба да одредиме кои би биле најефективните санкции, ако се одлучиме за тој пат. И дали тие воопшто ќе бидат ефективни. Значи, сакаме да се погрижиме да имаме позитивен исход. Не сакаме да предизвикуваме на некој начин неправилно однесување што го гледаме од нив, секако, безобразно на многу начини.

Глас на Америка: Албанија рече дека ќе бара да се одвои од Северна Македонија на патот кон ЕУ ако во брзо време не се тргне ветото. Ваш коментар?

Тени: Навистина не сакам да коментирам за тоа во моментов затоа што сакам да видам што ќе се случи понатаму. Не сум запознаена со околностите.

Глас на Америка: Се промени ли пристапот на САД кон Западен Балкан по руската инвазија на Украина? Гледате ли потреба од итна интеграција на регионот во ЕУ поради безбедносни ризици?

Тени: Мислам дека многу од овие земји се ранливи. И тие се ослонуваат на поддршката од САД како клучен сојузник. Она што го покажува украинската стратегија и украинската ситуација со Русија е колку е важно САД да продолжат да имаат уште посилен ангажман во земјите од Западен Балкан, затоа што не сакаме да видиме какво било слично ужасно сценарио на Западен Балкан како што гледаме во Украина.

Глас на Америка: Која е вашата најголема грижа во однос на безбедносните ризици поврзани со војната во Украина?

Тени: Она што би можело да се случи ако продолжи руската инвазија, е да продолжи преку Украина сè до Јадранското Море. Потенцијално и сè до југот на Балканот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ