Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) распишува конкурс за доделување на двете годишни награди за новинари за 2018 година. Се работи за наградата „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело и „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство.
За наградата за животно дело, кандидатите може да се пријавуваат сами или по предлог на тројца новинари. За наградата за најдобро новинарско известување на теми од локално и регионално значење за 2018 година се пријавуваат новинари кои имаат објави во локални или регионални медиуми или се дописници на национални медиуми во Македонија. Пријавата и за оваа категорија може да биде од самиот новинар или по предлог на тројца колеги.
Апликациите и пријавите треба да се достават до ЗНМ најдоцна до 11 февруари 2019 година.