• Latest

Контраспин: Министерот Тупанчески може да оди на натпревар во Палермо, ама на своја сметка

April 9, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНТИКОРУПЦИЈА

Контраспин: Министерот Тупанчески може да оди на натпревар во Палермо, ама на своја сметка

April 9, 2022 15:15
in АНТИКОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Тупанчески не чувствува морална, етичка одговорност поради тоа што на фудбалскиот натпревар во Палермо бил на сметка на ФФМ. Па сакајќи да оправда нешто што не се оправдува тој спинува, се обидува да ја релативизира целата ситуација и вели „јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата“! Прашањето е како тој како член на Владата се нашол меѓу луѓето кои ФФМ ги честела патување и билет за натпреварот во Палермо? Тоа е проблематично и несоодветно за носител на висока државна функција, пишува „Вистиномер“ во својот Контраспин.

Министерот за правда, Никола Тупанчески во изјава за порталот „А1он“  ја спинуваше вистината за трошоците за неговото патување во Палермо на фудбалскиот натпревар  Италија – Македонија и меѓу другото го кажа следното:

Спин: Чартер летот не е вклучен, воопшто не е вклучен, затоа што, и да сакате да биде вклучен чартер летот, тој не може да биде вклучен. Постои начин на организација на патувањето. Начинот или селекцијата на луѓето кои што патуваат треба да биде направен од страна на луѓето кои го организираат патувањето. Јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата. Дури морам да ви кажам дека и овој дел кој што е платен, е платен на мое инсистирање бидејќи мислев дека така треба да биде.

На забелешката на новинарот дека тоа значи дека не ја платил ниту ВИП- картата за фудбалскиот меч, министерот појаснува:

Ајде уште еднаш, зборуваме за процедура што однапред е утврдена од страна на Фудбалската федерација. Тие имаат клуч на кој начин ги добиваат. Картата што ја имав добиено гласи на мое име и е 00 евра. Дали ме разбирате? И да сакате да платите, а за тоа има доказ,  практично картата е без цена.

Прашан која е цената на летот Тупанчевски одговара:

Тоа беше чартер-лет, организиран за сите гости на Фудбалската федерација.

[Извор: А1 он; датум: 05.04.2022]

Контраспин: Во оваа изјава министерот за правда Тупанчески фактички признава дека не ги платил картите за чартер-летот и за ВИП ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, од каде што ја бодреше македонската репрезентација во натпреварот со Италија. Ваквиот исказ на Тупанчески е спротивен на неговото претходно тврдење дека во Палермо, на полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал, бил на своја сметка и сам си ги подмирил трошоците.

Министерот ова го кажа неколкупати во изминативе десетина дена. Најпрво, на  25.03.2022 г. откако беше прозван од јавноста, но и од Државната комисија за спречување на корупцијата, Тупанчески за „Фокус“ изјави:

Секако дека на свој трошок бев во Италија.

Набрзо по оваа изјава министерот на 28.03.2022 г. во разговор за „Утрински брифинг“ повторно кажа дека трошоците за Палермо ги платил од свој џеб:

Две компоненти се важи, а тоа е дали јас сум патувал службено за Палермо и втората компонента е кој ги покрил трошоците. Одговорот на првото прашање е „Не, јас не патував службено“, и втората компонента за тоа кој ги плати трошоците: „Tрошоците ги платив јас од моја трансакциска сметка“

Нагласувајќи дека во неговата постапка нема ништо неетичко Тупанчески, исто така, ќе потенцира:

Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан…

Дека самиот си ги платил трошоците за Палермо, Тупанчески тврдеше и во својот настап неколку дена подоцна (01.04.2022) во емисијата „Трилинг“ на „ТВ24“:

И како професор по кривично право, категорично ќе одговорам дека не постои одговорност. Повторувам, моето патување за Палермо не беше во рамките на моите службени должности. Отфрлам дека има нешто неетичко, мене трошоците кои се поврзани со ова патување ми беа испорачани од агенцијата која го организираше патувањето, беше платено од мојата трансакциска сметка…

По низата реакции, министерот за правда сега вели дека билетот за чартер летот до Палермо и влезницата за ВИП ложата за бараж натпреварот Италија-Македонија, биле гратис – платени од Фудбалската федерација на Македонија, а тој од личните приходи си го платил само хотелското сместување и тоа четири дена по одржувањето на натпреварот, откако се врати во Македонија.

Тупанчески не чувствува морална, етичка одговорност поради тоа што на фудбалскиот натпревар во Палермо бил на сметка на ФФМ. Па сакајќи да оправда нешто што не се оправдува, тој спинува, се обидува да ја релативизира целата ситуација и вели „јас сум само еден од големата делегација на новинари, лекарски екипи, гости, кои патуваат и јас сум само составен дел од делегацијата“!

Но, што е битно тоа дека делегацијата била голема и со шаренолик состав?! Прашањето е како тој како член на Владата се нашол меѓу луѓето кои ФФМ ги честела патување и билет за натпреварот во Палермо? Тоа е проблематично и несоодветно за носител на висока државна функцина. Иако Тупанчески сака да нѐ убеди дека тоа што се „нашол во авионот за Палермо“ е нешто најнормално, бидејќи „според пишани и непишани правила, секогаш фудбалската репрезентација организира вакви патувања“!

Во најмала рака делува чудно еден министер за правда да прима подароци од каков било облик, па и во форма на билет за фудбалски натпревар во Палермо со цена од „0“ (нула) денари и гратис авионска карта Скопје-Палермо-Скопје. Во реалноста ништо не е бесплатно, сѐ си има своја цена, вклучително и патувањето на Тупанчески во Италија, коешто го плати ФФМ и во конкретниот случај го става во деликатна ситуација која може да ја компромитира функцијата на која се наоѓа.

Неспорно е дека министерот може да присуствува на кој било натпревар, тука или во странство, ама за тоа самиот да си ја плати сметката. Освен со делегацијата предводена од ФФМ, сигурно имало и друг начин – во приватна режија, министерот за правда да стаса во Палермо и како голем фудбалски фан, како што самиот кажува, да го проследи натпреварот.

АПЛАУЗ ЗА МИНИСТЕРОТ

Слаба „утеха“ е тоа што Тупанчески од својот џеб го платил сметувањето:

Дури морам да ви кажам дека и овој дел којшто е платен, е платен на мое инсистирање…, истакнува тој.

Но, тоа не е ништо невообичаено, туку се подразбира дека кога некој престојува во хотел треба да си ја плати сметката и нема потреба да се нагласува. Зарем, сега за ова треба да му се аплаудира на министерот за правда?!

Исто така, нема зошто Тупанчески да биде изненаден и „шокиран“ поради прозивките на антикорупционерите да даде одговор кој го платил патувањето во Палермо.

Тој е уверен дека со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар не е прекршена ниедна законска, ниту етичка норма, бидејќи патувал надвор од неговите службени обврски и не користел буџетски пари.

Во Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, пак, јасно е наведено дека министрите не смеат да примаат подароци освен во одредени случаи.

Во таа смисла во членот 17 од Кодексот, којшто се однесува на „примање подароци“, се вели:

Носителите на извршни функции при вршењето на функциите и должностите не можат да примаат подароци, освен во случаите, во износ и на начин утврдени со Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост и Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси. Носителите на извршни функции не смеат да бараат, примаат односно да дозволат друго лице во нивно име или нивна корист да дава или прима подарок, услуга или било каква друга вредност, помош или друга корист во врска со вршењето на функцијата, односно должноста, а која би можела да има влијание или на било кој начин да го компромитира нивното расудување или да ги стави во несоодветна подреденост и обврска.

Додека пак, во членот 12 од Кодексот се наведува дека јавните функционери не треба да бидат во ситуација на судир меѓу јавниот и приватниот интерес. Во врска со ова, во првиот став од овој член е посочено дека:

Носителите на извршни функции, во извршувањето на нивните овластувања и должности, избегнуваат било каков судир помеѓу јавниот и приватниот интерес, односно доведување на состојба на сомнеж за постоење на судир на интереси.

Дека во овој случај, кој се заканува да прерасне во скандал, има прекршување на етичките парвила, се изјаснија и од Владата. Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска  до министерот Тупанчески веќе испратила  писмена опомена за непочитување на член 12 и член 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ