• Latest

Контраспин: МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина, наспроти изјавите на Бујар Османи

March 14, 2022

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

November 1, 2025

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин: МНР било снабдено со руски горива ден пред војната во Украина, наспроти изјавите на Бујар Османи

March 14, 2022 10:34
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, на 7 март во гостување во ТВ21 се согласи со својот украински колега дека „руската нафта е крвта на  Украина“, додавајќи дека „купувањето руски гас ја финансира руската армија“. Сепак, иако бил информиран за точниот ден на руската инвазија на Украина, министерството со кое раководи тој, само еден ден пред инвазијата купило гориво од руска компанија во земјата, поточно „ЛукОил“, пишува Порталб.мк.

СПИН: Како што пренесува МЕТА, во емисијата Клик Плус на ТВ21, Министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека купувањето од руски компании ја финансира руската војска.

„Мислам дека Русија, Руската Федерација, главно се финансира преку извори на енергија. Доминантните приходи на Руската Федерација се од гас, нафта, енергетски ресурси. Секако дека нивното купување ја финансира руската армија, за тоа нема дилема“ нагласи Османи.

Тој истакна дека се разгледуваат можностите за блокирање на каква било индиректна или директна помош од Република Северна Македонија за Руската федерација.

КОНТРАСПИН: Изјавите на министерот Османи не се во согласност со постапувањето на Министерството

Проблемот со ваквите изјави лежи во тоа што Османи бил информиран за „точниот ден и час“ на руската окупација на Украина, а сепак тоа не го спречи него и министерството под негово раководство да купуваат горива од руската компанија, што според него е директно финансирање на руската војска.

„Ние знаевме пред неколку недели, а последните денови го знаеме точното време на руската инвазија на Украина“, рече меѓу другото Османи.

Последен пат Министерството за надворешни работи купило горива од руската компанија „ЛукОил“ еден ден пред инвазијата на Украина од страна на Русија, односно на 23.02.2022 година.

Овој чин не е во согласност со она што го говори Османи, кој, знаејќи го овој многу важен факт, го одобрил купувањето нафта, а ако ги употребиме зборовите со кои тој прави спин, тогаш испаѓа дека МНР ја финансирала руската армија да започне инвазија на Украина.

Контрадикторни се неговите изјави дека „руската нафта е крвта на Украина“, а течењето на таа „крв“ ја овозможува меѓу другите и институцијата што ја води самиот тој давајќи пари на руски компании.

Доколку нашата земја, според него, „ги разгледува можностите за блокирање на каква било индиректна или директна помош од РСМ за Руската федерација“ тогаш купувањето нафта од „ЛукОил“ е спротивно на ова тврдење.

Министерството на чие чело е Бујар Османи неколку пати купувало нафта од руска компанија, поточно „ЛукОил“, во Северна Македонија. Колку за информација, според податоците што Порталб.мк ги обезбеди од платформата Отворени финансии, испаѓа дека само во текот на февруари МНР од компанијата „ЛукОил“ купило нафта за вкупно 165.157 денари или 2.678 евра.

податоци од Отворени финансии

Инаку, во врска со овие изјави, реагираа и албанските опозициски партии. За лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, Османи е еден од финансиерите на Русија, а пак Аријанит Хоџа од Движењето БЕСА истакна дека Бујар Османи „едно зборува, а поинаку постапува“.

извор: МЕТА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ