• Latest

Концепцијата за основно образование беше предмет на јавна расправа – Општестевени науки од четврто до деветто се преименува во Историја и општество

February 6, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Концепцијата за основно образование беше предмет на јавна расправа – Општестевени науки од четврто до деветто се преименува во Историја и општество

February 6, 2021 08:55
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Предметот општествени науки, од прво до трето одделение преоѓа во наслов Човек и општество, а од четврто до деветто Историја и општество.

Ова синоќа го изјави министерката за образование и наука Мила Царовска во интервју за Канал 5, откако претходно денеска во собраниската Комисија за образование, наука и спорт на јавна расправа беше ставена Нацрт-концепцијата за основно образование.

Истакна дека јавноста треба да се чувствува безбедно и оти ова зборува дека ги слушнале граѓаните и оти не сакаат нивниот страв да продолжи -Никако оваа реформа, освен преку лажната вест, не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање, порача Царовска.

Концепцијата, како што посочи министерката е работена во период од три месеци, а се базира на знаења, искуства и истражувања. По јавната расправа во собраниската Комисија за образование, наука и спорт,  Царовска, како што претходно посочи во интервју за МИА очекува дефинирање на концепцијата и најави секој конструктивен предлог, кој ќе произлезе од расправата, ќе може да се вметне во концепцијата, со која се спроведува реформа на основното образование, која е обврска, во согласност со Законот за основното образование од 2019 година.

Своите ставови за Нацрт-концепцијата вчера ги изнесоа учесниците на целодневната јавната расправа, некои со поддршка, некои резервирани со барање за одложување, некои за целосно повлекување.

На седницата присуствуваа премиерот Зоран Заев, министерката Царовска, претставници на Владата, МОН и од органите во негов состав, од државни образовни институции, професори од педагошките факултети, директори и наставници од основни училишта, претставници од МАНУ, невладини и меѓународни организации.

Нацрт-концепцијата за основно образование (документ од 48 страници), за која надлежните тврдат дека предвидува издржани реформи што водат кон поквалитетно образование, во изминатите два месеца, откако беше јавно презентирана, предизвика реакции од одредени институти и здруженија, кои бараа реформа низ подолготраен процес и посериозна стручна и академска расправа.

И министерката Царовска и премиерот Заев вчера нагласија дека се доцни со реформата, но оти нема ниту да се избрза, бидејќи ќе работат на дизајнирање најсоодветна образовна реформа, која е во најдобар интерес за децата.

Премиерот Заев во обраќањето на јавната расправа рече дека целта на реформата е да се осовремени нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи ги предвид нашите автентични општествено-економски состојби и заедно со светските искуства да се создаде национален, македонски модел на основното образование. Треба да се имаат предвид, рече, инклузивноста, еднаквоста, родовата рамноправност и мултикултурализмот и други аспекти на нашиот концепт „Едно општество за сите“.

Реформите во образованието, според него, требаше да се случат пред десетина години. Додаде дека првпат во последната деценија во нашата држава, се прават реформи на транспарентен начин и вклученост на сите страни, а во најдобар интерес на учениците. Досегашните консултативни дебати и јавната расправа, смета тој, ќе помогнат да се расчистат и некои дезинформации во однос на првичниот нацрт на концепцијата.

Царовска, пак, вчера изјави дека реформата во основното образование никако не смее да се поврзува со надворешно политичко прашање. Таа посочи дека сите релевантни фактори во државата биле запознаени со реформата која се подготвува и дека истата се очекува да биде дефинирана и да започне со имплементација од септември 2021 година.

– Со години го бираме тајмингот за да го реформираме основното образование, што е основа за образовниот систем. Ние не зборувавме за историја кога се правеше концептот. Историја како и другите предмети го гледаме како научна дисциплина која треба да се организира и да се поврзе тематски, рече Царовска.

Реформите во образованието, според неа, се нужни, зашто се во интерес на сите деца во државата, и овој процес не смее да запре зашто секоја учебна година нашите деца, како што рече, учат од неквалитетни учебници, следејќи несоодветна програма, а тоа нанесува огромни штети на младите генерации.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска, пак, во своето обраќање на јавната расправа повика концепцијата да се повлече, да се напушти концептот на интегрирани содржини и укажа дека нема финансиски план за спроведување на реформата од септември, ниту се знае, како што рече, кога и кој ќе ги обучува наставниците. Смета дека најпрво се потребни реформи на наставнички факултети.

Според академик Владо Камбовски, реформата е задоцнета затоа што Законот врз основа на кој се носи е донесен уште пред две години.

Професорот Кирил Барбареев праша уште колку години треба да зборуваме, анализираме, истражуваме и констатираме дека имаме слаб образовен систем. Смета дека е потребна реформа. За него основното образование треба да биде основа на вредности и да го засакаш учењето, науката, татковината, односно да се создаваат генерации кои ќе бидат подобри од соседите во знаење. Враќањето на статусот и реномето на наставничката професија, како што рече, не е само поврзана со зголемување на плата.

Проф. Јован Донев ја поздрави иницијативата за реформа на МОН и не се сомнева во стручноста на креаторите на концепцијата, но клучно е, рече, кој ќе ја спроведе реформата кога сите сме резултат на обрзовен процес што не чини. Рече дека имаме политизирано образование, со корупција и непотизам и оттука, според него, не може да се истурка реформа со овие проблеми.

Академик Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја, посочи дека историјата не може да биде разбрана ако се разгледува етноцентрично, надвор од контекстите, зашто ќе го изгуби контактот со реалноста. Како ќе се изучува минатото, вели тој, зависи од подготовката на наставните програми по историја и МОН, како што рече, мора да биде многу внимателен во тоа.

Професор д-р Петар Атанасовски предложи понудената концепција за основното образование поради, како што рече, многубројните негативни реакции на стручната јавност пред се да се повлече од страна на МОН, а во која друга следна, според него, мора да учествуваат многу поголем круг на експерти. Според проф. д-р Никола Минов историјата треба да остане самостоен предмет.

За проф. д-р Мирјана Најчевска, оваа промена во образованието требала да се случи уште пред 30 години. Таа во концепцијата ја гледа Конвенцијата на правата на детето и тоа, како што рече, е секогаш солидна основа за развивање на промената.

Споменка Лазаревска од Фондацијата Институт Отворено општество даде поддршка за оваа концепција, заради тоа што, како што рече, нуди современ пристап на настава фокусиран на компетенциите кои секој ученик треба да ги стекне до завршување на основното образование.

Реформата со новата концепција предвидува нов наставен план, според кој во основните училишта ќе има осум или девет задолжителни предмети и поголем број изборни, во две групи – мајчин јазик (македонски, албански, турски, српски или босански јазик) и математика, англиски јазик, природни науки (кој ќе опфати содржини од биологија, физичка географија, хемија и физика) и општествени науки (со содржини од историја, општествена географија, граѓанско образование, религии, етика…) Во втората група задолжитени се планира да бидат предмети кои покриваат уметничко образование, физичко образование и техничко-технолошко-информатичко образование.

Намалување на фактографското учење, развивање на критичкото мислење, аналитичко мислење, зајакнување на воспитната компонента се основите, на кои почива концепцијата. Предвидено е да се воведува етапно во период од шест години, почнувајќи од прво и четврто одделение.

За интеграцијата и стравувањата од евентуално исчезнување на предметите, но и на работните места, Царовска во интервјуто за МИА посочи дека такво нешто нема да се случи, напоменувајќи дека интеграцијата постои и сега од прво до петто одделение. Додава дека од шесто таа интеграција сега само треба да продолжи.

– Значи, станува збор за шесто, седмо, осмо и деветто одделение интегрирање, но не целосно поклопување на научните дисциплини. Напротив. Тие остануваат тука, модуларно ги поставуваме и историја и географија и граѓанско и биологија и хемија и физика со тоа што географија има и во природни и во општествени науки, но бројот на часови останува ист и на природни и на општествени науки со сегашниот наставен план, но интеграцијата се однесува на темите коишто се учат да се поврзат со сите научни дисциплини, да речеме природни или со сите научни дисциплини од општествени. Зошто? Затоа што ниту еден проблем во животот, ниту еден предизвик не го решаваме само со користење една научна дисциплина, вели Царовска.

Потенцира дека нема да дојде до загуба на работни места, туку смета оти ќе има дефицит на одредни кадри. /МИА/

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ