Конзорциум инвеститори предводен од Илон Маск понуди 97,4 милијарди долари за да го преземе OpenAI, производителот на ChatGPT, објави Би-би-си, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Адвокатот на милијардерот, Марк Тобероф, потврди дека ја доставил понудата за „сите средства“ на технолошката компанија до нејзиниот одбор во понеделникот.
Понудата е последниот пресврт во долгогодишната битка меѓу Маск, најбогатиот човек на светот и десна рака на американскиот претседател Доналд Трамп, и извршниот директор на Open AI, Сем Алтман, околу иднината на стартапот во центарот на бумот на вештачката интелигенција.
Како одговор на понудата, Алтман на платформата за социјални медиуми Х во сопственост на Маск објави: „не благодарам, но ќе го купиме Твитер за 9,74 милијарди долари ако сакате“.
Подготви: Д. Мишев