• Latest

Коп: Ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме

October 19, 2023

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Коп: Ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме

October 19, 2023 12:56
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп вели дека во земјава не постои вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што, како што рече денеска, блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската конвенција.

-Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за се, има по два акциски планови за се, сечија свест е веќе трипати зголемена  и сите се веќе обучени четирикратно. Сепак, се е заглавено поради недостатокот на имплементација, корупцијата и непотизмот. Со едноставни зборови нема вистинска политичка волја за промена не само во политиката, туку и во верските заедници кои што блокираат промена и ја блокираат Инстанбулската Конвенција. Политичарите и понатаму се безчујни и сакаат да се фотографираат со свештениците и оџите. И која е пораката за нас? Пораката е дека ги сакаме вашите пари, меѓутоа не ги сакаме вашите вредности, рече амбасадорот Коп на Втората регионална експертска конференција за Кластер 1 „Основни вредности“ во рамки на проектот „Правдата нека владее со регионот“.

Амбасадорот нагласи дека Холандија беше и ќе продолжи и понатаму да биде партнер за регионот на нивниот пат кон ЕУ.

Коп потенцира дека „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.

-Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права, рече тој.

Како што нагласи амбасадорот, во Холандија голем акцент се става врз владеењето на правото, бидејќи, како што рече, тоа е основата и камен темелник за сите демократии и тука станува збор за разбирање на правата на граѓаните, за балансот меѓу нивните непремостливи права кон слободите и обврските и имањето на јасни правила со коишто се ограничуваат овластувањата на власта и се третираат сите луѓе на еднаков начин. За сето тоа, како што потенцира, потребно е да постојат стабилни институции, бидејќи институциите се скелетот и основата на државата, а не поединечни корумпирани шефови и диктатори.

-Холандија не е голема земја. Ние имаме 18 милиони луѓе кои што е иста големина како и населението во Западен Балкан. Она што ги штити малите земји не е големината или воената моќ, туку меѓународното право и човековите права. Нас, името на овој проект ме потсети на стара латинска поговорка за правдата која што значи „правдата нека се изврши дури и небото да пропаѓа“. Овие зборови се и денеска релевантни и се длабоко вградени во културата на западните цивилизации. Тоа значи дека правдата мора да се изврши без оглед на цената. Ова исто така значи дека мора да има фер, да има објективност и соодветно спроведување на начелата на правдата коишто се одамна утврдени и дека еднаквите треба да се третираат еднакво, а нееднаквите нееднакво. Треба да се обезбеди еднакво за сите и да се обезбеди дека никој не е над законот. Во Холандија, во Северна Македонија, во Србија, во Албанија, насекаде тоа значи дека луѓето би требало да може да му веруваат на законот и да им веруваат на своите институции, рече тој.

Според холандскиот амбасадор, во контекст на ЕУ тоа значи дека земјите членки треба да си веруваат на меѓусебните структури и во меѓусебните процеси и ЕУ успеа тоа да го направи.

-Разновидна група на земји креираа еден единствен пазар во којшто се обезбеди заеднички стандард на живеење и сега соработуваме и во други области, а таа соработка и понатаму расте. Поддршка и солидарност – тоа не секогаш беше успешно. Не беше ниту лесно, ниту без никакви пречки постигнато во ЕУ, особено во однос на владеењето на правото. Меѓутоа, и покрај предизвиците со коишто се соочуваме на секојдневна основа, има правила коишто заеднички ги усвоивме и има механизми со коишто се осигурува спроведување на тие правила за коишто се договоривме. Системот иако се чини дека е најсовршен не прави да бидеме посилни и побезбедни. Тоа е иднината која што ја сакаме за Западен Балкан – безбедни, стабилни и просперитетни во ЕУ. Но, вие не ние сте одговорни за да стигнете до таму, рече холандскиот амбасадор Коп, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ