• Latest

„Кориере дела сера“: На 9 септември можни нови избори во Италија

May 28, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Кориере дела сера“: На 9 септември можни нови избори во Италија

May 28, 2018 10:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту по 12 недели од одржувањето на парламентарните избори, што е рекорд во историјата на Републиката, Италија нема влада.

Весникот „Кориере дела сера“ објави дека партиите веќе размислуваат за предвеемни избори што може да се одржат на 9 септември. Весникот наведува дека во резиденцијата на претседателот на Италија, Серџо Матарела кој одби да го прифати предлогот евроскептичниот Паоло Савона да биде министер за економија, во тек се драматични часови откако популистичкиот мандатар Џузепе Конте синоќа му го врати мандатот.

„Кориере дела сера“ нагласува дека предвремени избори ако се одржат, нема да бидат обичен тест на избирачите туку референдум за Европа, за еврото како и за уставниот поредок на државата.

Луиџи ди Мајо, лидер на Движењето пет ѕвезди, кој во март на изборите имаше најмногу гласови, изјави синоќа дека би требало да биде отповикан претседателот Матарела поради „предавство на државата“ бидејќи одбил да го прифати Савон за министер за економија.

– Бевме на неколку чекори од формирање влада и запрени сме бидејќи во нашиот кабинет е министер кој ја критикува ЕУ, изјави тој за РАИ.

Неговиот засега несуден коалициски партнер и лидер на Лигата, Матео Салвини изјави дека во Италија треба да се одржат нови избори.

– Италијанците се на прво место, да бидат безбедни и среќни. Со недели работевме да се формира влада што ќе ги штити интересите на италијанските граѓани. Меѓутоа некој вели не. Никогаш нема да бидеме робови, изјавил Салвини.

Матарела кој откако Конте му го врати мандатот, во Квиринале денеска го повика 62-годишниот економист Карло Котарели, кој би можел да биде нов мандатар, но ја нема поддршка од партиите во Италија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Италијанови изборисептември
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result