„Лекари без граници“ (MSF) ја осудија употребата на воздушни дотурки за доставување на очајно потребната помош во Газа, нарекувајќи го пристапот „залуден“ и „циничен“, пренесе Гардијан.
Жан Ги Вато, координатор за итни случаи на „Лекари без граници“ во Газа, го повика Израел да овозможи целосен пристап до хуманитарната помош за која вели дека е подготвена да се достави преку границата по пат.
Тој предупреди дека воздушните дотурки се „озлогласено неефикасни и опасни“ бидејќи не можат да носат многу помош и можат да повредат (или дури и да убијат) луѓе кога ќе се дотурат.
Во објава на X, Вато напиша:
„Користењето воздушни дотурки за доставување хуманитарна помош е залудна иницијатива што мириса на цинизам.
Патиштата се таму, камионите се таму, храната и лековите се таму, сè е подготвено за да се донесе хуманитарна помош во Газа, која е оддалечена само неколку километри.
Сè што е потребно е израелските власти да одлучат да го олеснат нејзиното пристигнување – да ги забрзаат процедурите за царинење, да дозволат влез на стока во голем обем и да се координираат за да се овозможи безбедно собирање и испорака. Само тогаш можеме да почнеме да го решаваме гладот што го гледаме…
Во моментов, два милиони луѓе се заробени во мало парче земја, кое сочинува само 12 проценти од целиот Појас – ако нешто слета во оваа област, луѓето неизбежно ќе бидат повредени.
Од друга страна, ако воздушните дотури слетаат во области каде што Израел издал наредби за раселување, луѓето ќе бидат принудени да влезат во милитаризирани зони – повторно ризикувајќи ги своите животи за храна.
Jean Guy Vataux is our Emergency Coordinator in Gaza. He describes why airdrops of aid are not the most effective method for delivering aid.
“Using airdrops for the delivery of humanitarian aid is a futile initiative that smacks of cynicism. The roads are there, the trucks are… pic.twitter.com/PtAmz3khDW
— MSF International (@MSF) July 28, 2025
Израел вели дека вчера агенциите за помош собрале и дистрибуирале повеќе од 200 камиони со помош, како и дека дополнителни 260 камиони влегле во Газа и чекаат да бидат собрани, пишува Гардијан.
Ова е дополнително на воздушните акции што ги извршија Јордан, ОАЕ и Израел, кои за прв пат по неколку месеци, во текот на викендот, со падобрански пакети со помош спуштија пакети со помош на територијата. Добротворните организации велат дека оваа помош е целосно несоодветна за потребите на населението на Газа.
Д. Т.