Никица Корубин – магистер по археологија и историчар на уметноста, поранешна пратеничка, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, Научени лекции – Заштита на демократијата, нагласи дека пред 2.500 години, комплетната морнарица на Атина, во 411 година, чуварите на демократијата беа војниците.
„Денес секој граѓанин е носител на демократијата, не треба некоја морнарица да ни ја чува демоктаријата како во времето во Атина.
Чуварот на демократијата е системот. Но, денес граѓаните се чувари на демократијата кои се судираат со системот.
Граѓаните во овие 35 години развија поголема свест од политичарите, кои негуваат авторитарен режим.
Авторитарната свест е во постојан судир со демократската свест“, истакна Корубин.
М. Д.