• Latest

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на „Кумановската група“

February 7, 2018

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косово им исплати по 10.000 евра на семејствата на „Кумановската група“

February 7, 2018 09:20
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Косовското Mинистертво за финансии ја реализираше одлуката на Владата и на 29 семејства на загнатите и осудените за настаните во кумановската Дива населба во мај 2015 година.

„Испатени се 290 илјади евра, пропорционално за 29 семејства на загнатите  и осудени лица во настаните во Куманово, онака како што беше предвидено со одлуката на Владата од 10 октомври 2017 година, изјави за Инсајдер Мухарем Шабани“, портпарол на Министертвото за финансии.

Донесената одлука на Харадинај тогаш наиде на критика во косовската јавност.

Директорка на медиумската групација „Коха“, Флака Сурои, за порталот лајми.нет тогаш изјави дека членовите на „Кумановската група“, осудени се од судот во Македонија, за неколку кривични дела како нарушување на уставниот поредок, тероризам и терористичка организација, и затоа доделувањето средства на нивните семејства е несфатливо.

Таа оцени дека иронијата е уште поголема зашто Косово еден месец пред настаните од 2015 година во Куманово, во парламентот го донесе “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата.

„Во Куманово се случи тежок инцидент. Уништена е речиси е цела населба. Не сфативме што бараа вооружените косовци во Куманово. Ниту кој ги испрати таму, ниту кој ги убеди да отидат таму, ниту пак поради кои причини. Доделување пари од буџетот на Косово за семејствата на осудените за кривични дела извршени во друга држава нема никаква логична смисла. Да кажеш дека осудените отишле во Македонија да војуваат поради идеал – тоа е да го прекршиш “Законот за забрана за учество во оружени конфликти надвор од територијата на државата“, кој го донесе Собранието на Косово во април 2015 година, значи еден месец пред да се случи Куманово“, изјави Сурои.

Побара, ако Владата има информации кои јавноста не ги знае за овој случај, да излезе и јавно да ги каже. Инаку, нагласува таа, на овој начин, Приштина втемелува преседан според кој некој осуден за кривично дело од прв степен, ќе има право да си земе компензација од државата.

Критика преку Фејсбук профилот упати и аналитичарот Енвер Робели кој силно ја нападна одлуката на премиерот Харадинај да им плати по 10.000 евра на семејствата на загинатите и осудените од Куманово. Робели таквата одлука ја нарече злосторство против граѓаните на Косово.

На 9 и на 10 мај 2015 година, во кумановската Дива населба вооружена група се судри со македонските безбедносни сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и од посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група

За настаните во Дива населба, македонскиот суд во ноември лани на обвинетите им изрече седум доживотни казни затвор, 13 по 40 години, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор, а четири лица добија ослободителни пресуди.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: владаДиво НасељеисплатаКосовоКумановска групаодлука
Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ