• Latest

Косово предупредува на отстранување на барикадите доколку КФОР не интервенира

December 23, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Косово предупредува на отстранување на барикадите доколку КФОР не интервенира

December 23, 2022 10:17
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Северниот дел на Косово продолжува да биде блокиран речиси две недели откако Србите поставија барикади во знак на протест поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ, пренесуваат косовските медиуми.

Од саботата, на 10 декември, кога беа поставени барикадите во Рударе, тие продолжуваат да бидат на клучните патишта кои водат до граничните точки, во Јариње и Брњак, кои продолжуваат да се затворени.

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечла, вчера предупреди на можноста за отстранување на барикадите, доколку КФОР не дејствува што е можно поскоро.

Свечла рече дека чекаат КФОР да дејствува што е можно поскоро, но додаде дека доколку тоа не се случи, Косово ќе ги отстрани.

„Тие [КФОР] бараа сами да ги отстранат барикадите. Сега чекаме да ја исполнат својата обврска. Но, откако поминаа 13 дена и имаме полицајци блокирани во Јариње и Брњак, деновите што се пребројуваат привршуваат. Верувам дека КФОР и меѓународниот фактор се посветени да го направат тоа што е можно поскоро. Но, за поголема стабилност, чекаме да го направат тоа оние што ги поставуваат барикадите или КФОР. Но, чекањето има свој крај“, рече Свечла.

 

Тој овие коментари ги даде на прес-конференција за медиуми во Митровица, велејќи дека условите на Србите, претставени за отстранување на барикадите, се за остварување на политички цели.

За апсењето на Пантиќ, вчера протестираа и Србите на северот, кои презентираа неколку барања за отстранување на барикадите, како ослободување на Дејан Пантиќ и Милан Адџиќ, повлекување на наводно „списокот“ за „апсење и пукање“ на Србите изготвен од косовските власти, како и повлекување на косовската полиција од северниот дел на земјата.

Услови за отстранување на барикадите постави и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Вучиќ во средата изјави дека барикадите ќе бидат укинати само доколку се исполнат одредени услови, услови кои се во согласност со барањата на српската влада.

„Прво формирајте Заедница на српски општини, потоа ќе ги отстраниме барикадите“, рече Вучиќ.

КФОР, во соопштение за печат на 21 декември, рече дека употребата на насилство и агресивно однесување на северот за да се влијае врз политичките одлуки во Косово е неприфатливо и се смета за провокација, додавајќи дека одговорноста на сите е да ја гарантираат колективната безбедност на регионот.

Н. А

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ВучиќСеверна МитровицаЏелал Свечла
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result