• Latest

Костадиновски: Манипулација е тврдењето дека Уставен суд укинал права на заедниците

October 9, 2024

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Костадиновски: Манипулација е тврдењето дека Уставен суд укинал права на заедниците

October 9, 2024 18:15
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ – алатката за вработување според национална припадност во државните институции. Како што образложи претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, одлуката на судот е донесена со мнозинство гласови и нема да важи ретроактивно. Тој потенцираше дека е манипулација тврдењето дека УС укинал права на заедниците.

Како што информираше Костадиновски на прес-конференција по денешната сединица, со одлуката беа укинати одредби од Законите за јавен сектор и за јавна администрација, како и подзаконски акти со кои се операционализира темелната вредност соодветна и правична застапеност.

– Во конкретниот случај со оспорените законски и подзаконски одредби, неспорно е дека законодавецот ја операционализирал темелната вредност на нашиот уставен поредок соодветната и правична застапеност. Оваа темелна вредност во нашиот уставен поредок е воведена во 2001 година. Станува збор за интервенција во Уставот која е резултат на неопходноста која произлегла од општествената и уставната реалност тој временски момент. Но исто така, неспорно е дека операционализацијата на оваа темелна вредност по својата суштина и природа претставува она што и во теоријата и во практиката се нарекува афирмативна акција, односно мерка која по својата природа предвидува позитивна дискриминација, рече тој.

Вториот круцијален момент за одлуката на Судот, како што дополни, била нивната одлука со која укина одредби од Законот за матичната евиденција со кои Судот зазема став дека националната припадност е лично чувство на граѓанинот и како такво може да биде менливо и според Судот, негово лично право е да одлучи дали ќе се изјасни и како ќе се изјасни за сопствената припадност, но и право да одлучи да не се изјасни.

– Третиот битен аргумент е фактот кој е општо познат дека од можноста вработениот во јавниот сектор кој има право да поднесе барање за промена на неговите податоци во Регистарот вклучувајќи го податокот и за припадност на заедница, произлегува дека податокот за националната односно припадноста кон одредена заедница, не може да претставува гаранција за запазување на суштината и правилната имплементација на темелната вредност посветена на соодветната и правична застапеност, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставен беше дециден дека не може политиката, како што рече, како досега да се поставува над правото, да ги пречекорува со устав исцртаните рамки, да прават правен хаос, кој создава политички хаос, и кога Судот ќе даде правен одговор на хаосот тогаш да се етикетира или одликите на Судот да се повод за некоја политичка тензија.

– Крајно време е да прејдеме во зрела демократија, од која бенефит ќе имаат сите граѓани без исклучок. Одлуките на Судот не треба да се гледаат ниту како закана против некого или нешто, ниту како одлуки со кои се зголемуваат или намалуваат нечии права, тие треба да бидат прифаќани и да бидат ориентир, рамка за делување согласно наодите на Судот за сите останати власти законодавна, извршна, судска, монетарна или локална, рече тој.

Пред да ги изнесе клучните аргументи на кои се темели одлуката, Костадиновски изјави дека, како што рече, „манипулација и лага е тврдењето од било кого дека УС укинал права на заедниците“.

– Не е точно. Ние сме чувари на Уставот таков каков што е. Темелната вредност соодветна и правична застапеност е тука. Секој е должен да го почитува уставот, значи секој е должен да ја почитува и применува правичната и соодветната застапеност. Законодавецот има право, има уставно овластување да ја операционализира темелната вредност но на уставно дозволен начин. Сега и законодавецот и органите на извршната власт имаат уставна рамка, насоки што може што не да нормира, како да постапуваат Одлуките на Судот, во кои се оценува матерјалната, формалната уставност, ставовите на Судот го легитимираат правото, рече тој.

Апелираше до граѓаните, државните органи, политичарите, ако, како што дополни, навистина ѝ мислат добро на Републиката, ако навистина сакаат правна држава во која ќе владее правото, своите јавно прокламирани ставови за европски стандарди, за владеење на правото, да ги усогласат со нивните дела и дејствија во практика, да ги усогласат со вистинските потреби на граѓаните за зрело демократско општество како најпожелно за нив.

–  Секој вклучително и политичарите треба да ги почитуваат одлуките на судот, не да ги политизираат, етнизираат. На нашето постапување и одлучување треба правилно да гледаат како на заштита на владеењето на правото. Кажав и ќе повторам не одат заедно јавно прокламираните заложби од секого за европски стандарди и владеење на правото и политизацијата и етнизацијата на постапувањето на Судот, дополни тој.

Според Костадиновски, јавната администрација е ‘рбетот на државата, дава бројни услуги, а потребата за квалитетни услуги, како што вели, не познава етничка припадност или било каква припадност, туку, на сите нас ни се потребни стручни, компетентни, квалитетни ефикасни услуги од државата, а затоа и стручни и компетентни службеници.

При градењето на својот став во овој предмет, Костадиновкси информираше дека Судот го имал предвид и Извештајот за 2023 година на Европската комисија, разни споредбени решенија, но и одлуки, како што е Пресудата на Врховниот суд на САД (Students for fair admissions v. President and fellows of Harvard College, 2023).

Фото: МИА архива

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ