• Latest

Коцо: Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и морал

April 30, 2023
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Коцо: Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и морал

April 30, 2023 13:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, изјави поранешната врховна судијка Вера Коцо.

Во интервју за Радио Слободна Европа таа вели дека американската амбасадорка со право реагираше за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“.

Ова сега што се случи во Судскиот Совет некако како да беше очекувано дека ќе дојде до такво нешто. Не дека таа (претседателката Весна Дамева) покажа неспособност во извршувањето на нејзината функција, меѓутоа за да се менаџира еден таков Совет, едно такво тело кое треба да се грижи за самостојноста и независноста на целокупното судство во нашата држава е навистина тешка и комплицирана работа. Ова што сега последно се случи, јас ќе кажам еден грчки збор што значи аномија. Што претставува аномијата? Тоа значи непочитување или непостоење на законски одредби и изостанување на морални норми или вредности. Напротив она што се случуваше за мене претставува аномичен настан, вели судијката Коцо.

Според неа, да се реагира на таков начин, независно дали таа ја исполнувала солидно нејзината функција во овие четири и пол месеци, е навистина голем предизвик, но она што се случи е недозволиво од страна на нејзиниот заменик.

Како успевала да ги менаџира состојбите во Советот, јас не знам. Но, ова што се случи e недозволено. Не е дозволено од страна на нејзиниот заменик, да си земе за право во нејзино присуство да го преземе водењето на седницата, да нафрлува работи кои не се испитани и наједноставно ги повика присутните да гласаат за нејзино разрешување. Со кое право? Немаше такво право, од причина што со Законот за судски совет не е предвидено разрешување на претседател на Судски Совет, рече Коцо.

Таа нагласува дека има постапка за разрешување на член на Судски Совет, но претходно треба да се води дисциплинска постапка, па потоа, додека се утврдат оние потребни околности во однос на некакво непочитување на законот или неспроведување на работа на Судскиот совет, во ред, но во случајот се прескокнаа сите тие работи.

Прво, немаше законска одредба во таа смисла, второ самата седница како што беше изведена беше сосема непристојна и надвор од сите законски решенија, рече, меѓудругото, поранешната врховна судијка Коцо.

Tags: аномијаВера Коцонепочитување на законСудски совет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ