• Latest

Ковачевски: Договорот со „Бехтел и Енка“ е со степен на доверливост, никој не крие ништо од никого

April 13, 2023

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
Фросина Кулакова

Васил Јованов призна вина за прегазувањето на Фросина Кулакова

May 9, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово се соочува со политичка криза и санкции од ЕУ; Албанија два дена пред парламентарни избори; Рама најави отворање на третото поглавје

May 9, 2025
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Договорот со „Бехтел и Енка“ е со степен на доверливост, никој не крие ништо од никого

April 13, 2023 16:40
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградбата на коридорите 8 и 10д  има ниво на доверливост, но оти никој не крие ништо од никого. Согласно процедурите, како што објасни денеска премиерот, има институции што можат да го добијат Договорот, а тоа ќе биде направено и со Јавното обвинителство, откако ќе го побараат.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека пратениците имаат доволно знаење, искуство и визија за да донесат законски решенија кои ќе обезбедат побрза реализација на проектот. Тој повторно ги повика владите на САД и на Турција да одговорат, како што рече, „дали од нив или од нивни компании во изминатите две години некој нешто барал од оваа држава во однос на овој проект“.

– Се работи за Договор, како и други договори, што ги има склучено Јавното претпријатие за државни патишта со приватни компании, кои се изведувачи, во случајов се работи за проект и за изведување и за проектирање, во којшто во Договорот, како и во секој друг договор има ниво на доверливост со оглед на тоа дека има компании кои во него наведуваат свои елементи, на кој начин работат, произведуваат итн…, и кои нормално, како во секој двостран договор, не сакаат такви деловни тајни да бидат достапни на пошироката јавност. Но, не значи дека таков договор не е достапен до оние кои имаат право да го имаат согласно со постапки и процедури во државата, рече Ковачевски, во одговор на новинарско прашање, на прес-конференцијата во Владата посветена за субвенциите за нови авиолинии.

Потсетувајќи дека тој пред месец и половина ги повика Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство да го разгледаат и истражат случајот, посочи дека во моментот кога ЈО ќе го побара договорот согласно со процедурите ќе го добијат со оглед на тоа дека, како што рече, имаат луѓе коишто таму работат и имаат степен на доверливост и сертификати.

Исто така, дополни Ковачевски, направив и уште еден повик што го повторувам четврти или петти пат, а тоа е дека ги повикувам Владата на САД и Владата на Република Турција да кажат дали во текот на изминатите две години некој од нив или од компании кои потекнуваат од нивните земји, има нешто побарано во врска со овој проект.

– Бидејќи опозицијата обвинува дека некој сакал преку овие компании коишто се компании кои потекнуваат од САД и од Турција, да оствари одредена корист и затоа ги повикувам и нив да дадат свој став, нагласи Ковачевски.

Секој договор, појасни тој, има степен на доверливост којшто се однесува на договорните страни и врз основа на степенот на доверливост на договорите тие се доставуваат до оние коишто имаат пристап до такви договори. Може, како што рече, да побара да биде доставен писмен одговор, кои се страните што може да го имаат договорот со согласност на страните што го потпишале.

– Тоа се однесува и на други договори за при изведбени и проектантски проекти. Никој ништо не крие од никого, рече Ковачевски, посочувајќи дека во државава се работи врз основа на Закон и Устав.

Премиерот тврди нема никакви пенали за државата поврзани со овој Договор.

– Доколку се усвои од пратениците да се овозможи само за ваков тип на проект од стратешко и национално значење да има 60-часовна работна недела, тоа ќе значи дека проектот ќе трае и ќе чини помалку. Доколку остане како сега со 40-часовна работна недела, иако сега има некои сектори што работат во недела и тоа е платено, тоа значи дека ќе трае подолго и плус ќе се плати повеќе работна сила што ќе биде донесена од странство, рече Ковачевски.

Прашан зошто Владата не е предлагач на законите за овој проект, туку група пратеници од власта и дали очекува да поминат законите со оглед на бројните амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и пред се од Левица, Ковачевски рече дека пратениците имаат доволно знаење и визија за да донесат закони што ќе го забрзаат проектот од важност за граѓаните и државата.

– Не ме чудат амандманите од Левица. Кога претседателот оди и се поклонува на гробот на Енвер Хоџа, не треба ништо да ве чуди. Посебно не треба да ве чуди од партија која е заложник на партија, чиј претседател оди да се поклони на гробот на Енвер Хоџа. И специјалниот закон е предложен од пратениците и е донесен без некој да биде  против и сите постапки понатаму се правени согласно со тој закон. Сметам дека пратениците имаат доволно знаење, искуство и визија за да донесат законски решенија кои ќе обезбедат побрзо и поефикасно работење на компаниите проектанти и изведувачи на проектот за конечно нашата држава добие Коридор 8 и Коридор 10д, како што заслужуваат граѓаните, а како што ги немала досега државата, рече Ковачевски.

Премиерот потсети и дека според Договорот, „Бехтел и Енка“ треба да користи 51 процент ресурси од државата, а остатокот ќе биде од странство.

– Се работи за голема корпорација која ги има завршено своите проекти во регионот, а имаат проекти и надвор од регионот. Тие имаат на располагање и работници и механизација што ќе ја донесат од странство, но ќе ја користат доминантно и механизацијата што е на располагање од државата, нормално под комерцијални услови, рече Ковачевски.

Во однос на тоа кој им дал овластување на Управувачкиот комитет и консултантот да прифатат 60-часовна работна недела како услов „Бехтел и Енка“ да испорача 23 километри годишно, иако тоа веќе беше отфрлено од Уставниот суд, Ковачевски го повика Министерството за транспорт и врски заедно со другите надлежни институции да организира уште еден детален брифинг за целиот проект.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ