• Latest

Ковачевски: Изземен сум од одлучување и присуство на владина седница, ако се дискутира за правни субјекти во мојот анкетен лист

April 11, 2023
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Изземен сум од одлучување и присуство на владина седница, ако се дискутира за правни субјекти во мојот анкетен лист

Ковачевски исто така рече дека Општина Радовиш има преземено надлежности за располагање со градежно земјиште во државна сопственост на 6.12.2012 година, исто така во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ и Општина Радовиш и во моментов е раководена од градоначалник кој е избран од редовите од страна на граѓаните, меѓутоа предложен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Општина Радовиш ја спроведува целата постапка и она што Владата го носи, одобрува спроведување на постапка со оглед на тоа дека се работи за објект којшто подоцна претставува општ интерес. 

April 11, 2023 10:05
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека нема конфликт на интереси со владината одлука компанијата, каде што има удел неговата сопруга, да дооформи градежна парцела во Радовиш на државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен, истакнувајќи дека е изземен од одлучување и присуство на седница доколку се дискутира за правни субјекти наведени во неговиот анкетен лист. Додава и дека уредбата за определување на цените на земјиште е објавена на 17 октомври 2013 година, донесена од страна на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

–Јас и членовите на моето семејство тоа што го поседуваме е многу јасно и транспарентно наведено во анкетниот лист што го имам поднесено во ДКСК и таму може точно да се види каде јас имам удел, каде член на моето семејство има удел пред да стапам на функција. Второ, согласно со тој анкетен лист од моја страна поднесен до ДКСК, јас имам испратено и известување до вицепремиерот за добро владеење и до генералниот секретар на Владата во којшто нотирам и информирам дека доколку на седница на Влада се дискутира или се одлучува за точки поврзани со правните субјекти наведени во мојот ажуриран анкетен лист, објавен на ДКСК на нивниот веб сајт, моето учество треба да се изземе од одлучување и присуство на Владата, за што треба генералниот секретар да ме информира, за што ме информирал, заради спречување на каков било конфликт на интереси, вели Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по промоција на првиот дигитален асистент во јавниот сектор.

Додаде дека тоа се однесува секаде каде што функционер, кој е дел од Влада или од која било друга институција, има удели, бидејќи, како што кажа, има свој удел и акции во друга компанија која што е една од најголемите компании и исто така во таа компанија не учествува во одлучување по точки за таа компанија.

-Меѓутоа таа како и секоја друга компанија има право врз основа на закони да учествува во правниот промет во државата заедно со сите други правни лица. Што се однесува до овој конкретен случај, прво уредбата за определување на цените на земјиште е објавена на 17 октомври 2013 година, донесена од страна на влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Значи оваа Влада не носела никаква уредба за определување на цени, рече тој.

Ковачевски исто така рече дека Општина Радовиш има преземено надлежности за располагање со градежно земјиште во државна сопственост на 6.12.2012 година, исто така во време на влада на ВМРО-ДПМНЕ и Општина Радовиш и во моментов е раководена од градоначалник кој е избран од редовите од страна на граѓаните, меѓутоа предложен од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Општина Радовиш ја спроведува целата постапка и она што Владата го носи, одобрува спроведување на постапка со оглед на тоа дека се работи за објект којшто подоцна претставува општ интерес. 

-Јас бев обвинуван од страна на опозицијата дека во време на најголема енергетска криза моето семејство односно член на мое семејство поседува удели во компанија која што продава струја. Со ова се потврдува дека член на моето семејство поседува удел пред да станам премиер во компанија која нема изградено централа и не продавало струја по 500 евра мегават час. Таа лага ја демантираме. Второ, она што никој не сака да го каже на утринските соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ дека таа компанија ако некогаш изгради централа, централата ја прави на приватно земјиште. Ова што овде што е пред мене е пристапен пат за да се стигне до таму. Сите законски одредби се запазени на многу транспарентен начин исто како и за се друго, кажа тој.  

Во однос на тоа зошто е потпишан друг, кажа дека кога бил информиран на координација дека има таква точка, тој тогаш не присуствува на седница на Влада и со седница на Влада раководи вицепремиер.

-На седница на Влада оној кој раководи со точката тој ја потпишува одлуката која што се носи во време кога раководи со точката. И затоа можете да видите дека има одлуки на Владата, кои се потпишан од претседател на Влада, меѓутоа има одлуки што се потпишани од другите вицеппремиери, доколку претседателот на Влада не бил присутен на седницата кога одредена точка се расправала или доколку не бил присутен на целата седница на Влада, рече Ковачевски.

Додаде дека сите граѓани на оваа држава без исклучок се рамноправни и како физички и како правни лица во правниот промет во државата и оти тој никогаш во минатото не коментирал приватни животи или приватни инвестиции на кого било, како што за него опозицијата го прави од прв ден.  

-Јас никогаш не сум коментирал, на пример, дека брачен другар на сопственик на медиум има добиено 1,4 милиони денари за спроведување на проект со државно финансирање. Затоа што верувам дека тоа било спроведено согласно законските постапки. Никогаш не сум коментирал кога сопственик на медиум ќе добие 50 милиони евра државни набавки, затоа што верувам дека тоа било направено согласно законски процедури. Јас исто така, никогаш не сум коментирал кога дете, на пример на амбасадор, на поранешен амбасадор, на министер, поранешен министер, ќе добие финансирање, за да студира на еден од најдобрите светски универзитети од државата, затоа што верувам дека постапката била запазена. Исто така не сум коментирал кога брачен другар на министер ќе добие финансирање од страна на национален медиумски сервис во износ од над 100.000 евра за да произведува одредена програма, бидејќи сум верувал, бидејќи тоа било направено согласно законски постапки. Но, не сакам да верувам во нешто што имам слушнато дека поранешен министер во поранешна Влада покрај платата што ја примал, добивал и пари во кеш за да ја извршува својата функција, кажа Ковачевски. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ