• Latest

Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

February 6, 2023
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски – Новак: На Европа и е потребна Северна Македонија

February 6, 2023 15:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во посета на земјава. На состанокот, како што информираат од Владата, било изразено очекување дека оваа посета ќе даде поттик за интензивирање на билатералните односи помеѓу двете држави, посебно што ова е прва посета на унгарски претседател на Северна Македонија во последниве 20 години.-Пренесена е јасна порака дека нашата држава може да смета на натамошната поддршка од Унгарија во европските интеграции. Оценето е дека Република Северна Македонија ѝ е потребна на Европската Унија, во делот на безбедноста и стабилноста, и како држава којашто практикува европски вредности, и чијашто култура е посебна и европска и ќе го збогати европското семејство на народи, држави и култури, се вели во денешното соопштение од Владата.    

На средбата заеднички било оценето дека европските интеграции на Северна Македонија во Европската Унија се од национално и од стратешко значење, за нашата држава, но и за целиот Западен Балкан и на Европа и затоа е потребен фокус на сите политички субјекти во државата, кон реализацијата на оваа цел.

Премиерот Ковачевски се заблагодарил за гласната поддршка на Унгарија за европските перспективи на Северна Македонија, како и за поддршката на проширувањето на ЕУ, како најважна стратешка политика на Европската Унија.

Тој нагласил дека за Северна Македонија, зачувувањето на мирот и стабилноста на Западен Балкан е еден од врвните надворешно-политички приоритети на земјата и дека Владата е цврсто посветена на дијалогот како механизам за решавање на какви било отворени прашања. Посочил и на определеноста на Владата кон спроведување на реформите, што се одвива паралелно со тековното справување со предизвиците од глобалната економско-енергетска криза.

Во однос на претседавањето со ОБСЕ, премиерот Ковачевски изразил уверување дека Северна Македонија ќе придонесе во стабилноста и безбедноста на Европа, во контекст на актуелните случувања поради војната во Украина, при што државата е поставена стопроцентно на линија на надворешните политики на ЕУ.

На средбата е оценето дека Северна Македонија и Унгарија имаат добра соработка како НАТО членки, дека се бележи економската соработка со нагорен тренд, како и дека се гледаат можности за натамошен развој на трговските односи, инвестициите, енергетиката, образованието.

Премиерот Ковачевски изрази благодарност до унгарската претседателка Новак, за донациите и за споделената хуманитарна помош од Унгарија за време на пандемијата.

Tags: Димитар КовачевскиЕвропската УнијаКаталин Новак
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ