„На 8 мај постои само една социјалдемократска опција, само една лева и прогресивна опција која се вика СДСМ. Ако досега не беше јасно, сега се разјасни и дилемата која можеби дел од вас и ја имавте и сакам да му се заблагодарам на политичкиот субјект ЗНАМ и на нивниот претседател што ја разјаснија дилемата и што застанаа и јавно со ВМРО-ДПМНЕ рака под рака во поддршка на Гордана Силјановска Давкова. Ете така паднаа и тие маски кои ги носеа се до вчера“, истакна лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на митингот во Струмица.
Според него, ЗНАМ бил направен единствено за лична корист и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ.
– На истиот начин како што беше направен и политичкиот субјект НСДП во 2006 година и политичкиот субјект Демократска алтернатива во 1998 година. Последниве два што ги спомнав, едниот не постои, а другиот е минорен коалиционен партнер на СДСМ.
Н. А.