• Latest

Ковачевски – Петков:  Добрососедството ќе биде на пиедестал, успешен критериум е во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција со ЕУ

January 25, 2022
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски – Петков:  Добрососедството ќе биде на пиедестал, успешен критериум е во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција со ЕУ

January 25, 2022 12:30
in ВЕСТИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерите  Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска, на прес-конференцијата на крајот од заедничката седница на Владите на Северна Македонија и Бугарија во Софија,  изразија задоволството од остварениот успех и порачаа дека во наредниот период добрососедството ќе биде на пиедестал и ќе се посветат на работите кои беа заборавени последните години.

Двајцата премиери ја оценија денешната седница како успешна, и  дека меморандумите што денеска беа потпишани како краен резултат го имаат економски развој. Во периодот што претсои, Ковачевски и Петков очекуваат брзо да се постигне сето она што е испуштено во изминатиот години и дека е добро што веќе има план за неделни средби на секториските групи.

Бугарскиот премиер Петков изјави дека веќе има три реални потпишани меморандуми за многу клучни прашања – прашања од областа на земјоделството, малите и средните претпријатија и развој на железничката врска Софија – Скопје. Тоа е пример за новиот пристап којшто ние го даваме со нова енергија и реални резултати,  и има огромна синергија и предности за добрососедство. 

Бугарскиот премиер Кирил Петков на прес по меѓувладината седница во Софија

Петков најави дека на првите средби на работните групи ќе присуствуваат и претставници од стопанските комори и од образовните и културните институции.

Македонскиот премиер Ковачевски рече дека е добро  што веќе има и план за неделно среќавање на секторските експерти. Меѓутоа, уште поважно е што веќе на првите средби ќе бидат вклучени и претставници од институциите, односно од стопанските комори, образовните институции, културните установи и низ конкретна соработка да можат да ги видат бенефитите од соработката помеѓу двете соседни држави.

Работната група во делот на енергетиката, трговијата, инвестициите, туризмот и земјоделието веќе има план на активности што ќе треба да се реализираат во наредните месеци, а групата задолжена за културата и образованието исто така има конкретни проекти коишто ќе значат соработката меѓу високообразовните институции од двете држави и воспоставување на научни конференции особено во делот на природните науки, рече Ковачевски, и додаде дека во делот на евроинтеграциите Северна Македонија може да ги примени искуствата од Бугарија која веќе 15 години е членка на Европската унија. 

Двајцата премиери изразија задоволство и новиот ентузијазам во историската комисија која, како што посочија, ќе ги интензивира активностите во следниот период. 

Во одговор на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски изјави дека на седницата  повеќе се говорело за темите кои ги покриваат работните групи кои работат на конкретни проекти : На средбата што се одржа пред седум дена во Скопје отворивме еден нов процес на дијалог, работните групи се формирани и водени од министрите, што ја покажува политичката волја и вклученост за овој процес да се води напред, но во нив ќе бидат вклучени и оние од реалниот сектор и стопанските комори, образовни институции… Со ова сакаме да придвижиме еден процес, со кој сакаме да покажеме дека две соседни земји секогаш можат да додадат вредност, како за државите и за граѓаните кои живеат во нив.

Во однос на мерливите критериуми за успешност на дијалогот  за политичките прашања, Ковачевски изјави дека критериум за успешност е доколку веќе идната недела  имаме одржливата економска авиолинија Софија – Скопје , која би се воспоставила и би почнала со летови од 1 март. Критериум за успешност во инфраструктурата е доколку до 2023 година 13 километри од патот се направи до граничниот премин Клепало и тој се отвори, и тоа е критериум за успешност, изјави Ковачевски.

Мекедонскиот премиер Ковачевски на прес по меѓувладината седница во Софија

Во однос на политичките прашања, нагласи премиерот Ковачевски, успешен критериум е доколку успееме низ разговор на сите овие комисии, нормално низ еден политички дијалог на владите да постигнеме договор и во догледен период да имаме прва меѓувладина конференција со Европската Унија.

На прешањето дали правата на Бугарите во Северна Македонија ќе се смета за критериум, Ковачевски истакна дека во нашиот Устав, освен македонскиот, впишани се и албанскиот и другите кои го сочинуваат, другите заедници и нормално и други граѓани на државата кои се самоопределуваат на друг начин, можат да побараат да бидат дел од Уставот. Ковачевски наласи дека тоа е процес, кој поминува низ фазите на уставните измени и во кој се вклучени повеќе институции. – На патот на една држава кон Европската Унија се отвора Уставот, со цел да се направата и други адаптирања на Уставот и тогаш врз основа на тоа ќе бидат опфатени и тие прашање согласно барањата на граѓаните, нагласи Ковачевски, и  додаде дека ќе се разговара и за другите отворени прашања меѓу двете земји во рамки на овој нов дијалог, што го отворија тој и Петков.

Одговарајќи на новинарско прашањето дали кризата околу Украина може да го успори овој процес на дијалог меѓу Северна Македонија и Бугарија, премиерот Петков рече:

-Тука сме бидејќи не се плашиме од кризи, бидејќи веруваме дека можеме да ги решиме. Но, во моментов има многу сериозни прашања и Ковид-19, тензиите меѓу НАТО и Русија, високите цени на струјата и на гасот… Но, кога во таква тешка ситуација се гледа ден како денешниов, каде има реален напредок и веќе има работен процес со конструктивна насока, човек чувствува дека има зошто да стане наутро и да ја работи оваа работа, изјави Петков на прес конференцијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ