• Latest
Димитар Ковачевски

Ковачевски: После 15 години потпишуваме нов општ колективен договор, вработените во јавниот сектор добиваат поголеми права

July 27, 2023

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: После 15 години потпишуваме нов општ колективен договор, вработените во јавниот сектор добиваат поголеми права

July 27, 2023 14:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски

Димитар Ковачевски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната седницата на пратенички прашања истакна дека потпишувањето на Општиот колективен договор е достигнување кое претходните влади го зацртале, но оваа Влада го исполни.

„За прв пат, после 15 години, заеднички и на иста маса синдикатите и претставниците на Владата и сите засегнати страни тука мислам пред се на здруженијата на работодавците постигна договор со кој што се обезбедува долгорочно одржливо решение. Ова решение на мое големо задоволство, нема да зависи веќе никогаш од добрата волја на политичарите, на политичките партии ниту сега, а ниту во иднина со оглед на тоа дека општиот колективен договор во себе содржи методологија за постојан раст и усогласување на платите на работниците во јавниот сектор.

Растот на платите со овој општ колективен договор на вработените во јавниот сектор е загарантиран. Обезбедивме системско решение коешто го осигурува растот на платите.

Сите вработени во бројни агенции, фондови, општините, училиштата, градинките и сите други институциите од јавниот сектор, од септември, оваа година, ќе добијат 10% раст на плати.

Дополнително, предвидено е и да се исплати регрес за годишен одмор за 2023 година во износ од 10.000 денари, којшто ќе биде исплатен до крајот на годината. Од 2024 година па натаму договорено е во Општиот колективен договор регресот за годишен одмор да изнесува најмалку 30% од просечната нето-плата исплатена во претходниот период”, рече Ковачевски.

Премиерот подвлече дека постигнато е воведување и на новата Методологија на плати со коефициент според просечната бруто плата од март 2025 година.

„Одговорно, покажавме дека се грижиме за граѓаните и дека го браниме достоинството и трудот на работниците кој треба и мора да биде соодветно вреднуван, a не да биде деградиран како во поодминати времиња во државата кога наместо клима на взаемна доверба помеѓу синдикатите и владата имаше клима на комплетно за едно не почитување па дури и заплашување. Нема повеќе политички калкулации со граѓаните, нема повеќе ветувања пред избори за еднократни зголемувања на платите на работниците, истото се случи и со минималната плата бидејќи и таму се донесе системско решение, истото се случи и со пензиите бидејќи и кај пензиите се донесе системско решение за постојан раст на пензиите два пати годишно.

Во изминатиот период покажавме што значи да се има слух за потребите на работниците и затоа во континуитет го одржувавме отворениот дијалог со синдикатите со цел да дојдеме до оваа ситуација денес. Дека тој дијалог и дека тие разговори беа навистина суштински сведочеа и голем број на јавни телевизиски настапи во кои се искажуваа различни ставови од страна на претставниците на синдикатот, на претставници на работодавците но на крајот низ дијалог, низ разговор, низ споделување на факти се дојде до заедно прифатливо решение пред се во интерес на работниците.

Покажавме одговорност и создадовме и клима за континуиран раст на платите. Па така, денес, минималната плата е над 20.000 денари, што е зголемување од 100% во однос на 2016-та година, додека просечната нето плата е над 500 евра. Нашето ветување дека во 2024 година ќе имаме над 500 евра просечна плата веќе е исполнето. Владините исправни политики и соодветни мерки за создавање на поволна бизнис клима вродија со плод- така да просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36.465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5.058 денари”, рече Ковачевски и подвлече дека платите и во иднина ќе растат и минималната и просечната, а инфлацијата ќе се намалува, сето тоа ќе влијае позитивно на економскиот раст во земјата.

Владините мерки даваат позитивни резултати и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза.

Tags: јавен секторКовачевскиколективен договор
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ