• Latest

Ковачевски: Сите да одговорат на предизвикот за заокружување на нашата државност, преку зачленување во ЕУ

September 29, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Сите да одговорат на предизвикот за заокружување на нашата државност, преку зачленување во ЕУ

September 29, 2022 14:57
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Скрининг процесот започна. Нашите тимови се во Брисел, каде детално се гледа нашето законодавство преку професионални тимови. Ги повикувам сите општествени чинители да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност, преку полноправното зачленување во Европската Унија, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според премиерот, нашата земја е соочена со големи предизвици и се наоѓа во пресудни моменти во кои се одредува нашата иднина.

-Како државотворна партија и одговорни лидери и предводници на сите основачки одлуки од независноста за независна, еднаква и евроатланска земја во последните три децении, сметам дека е доволно време да ги повикам сите општествени чинители, граѓаните, медиуми, невладините организации и академска заедница и политичките партии да се исправат пред предизвикот на пресудните моменти за заокружување на нашата државност преку полноправно зачленување во ЕУ, рече Ковачевски во Собранието одговорајќи на пратеничко прашање.

Северна Македонија, како што рече, има потреба од единство, сплотеност, заедништво и лидерство.

-Тоа го очекуваат нашите граѓани. Тоа и треба на нашата држава и ние сме подготвени тоа да го направиме. Дојдено е време за заедништво, време за храброст и за лидерство, и ние сме подготвени да подадеме рака, надминувајќи се себе си и тесно партиските интереси, порача Ковачевски.

Ковачевски ги повика и коалиционите партнери со кои, како што рече, ги донеле тешките и пресудни одлуки за независност и еднаквост, како и опозицијата, да се обединат околу стремежот за евроинтеграција.

На пратеничко прашање околу мерките за растот на платите и пензиите согласно новата методологија, Ковачевски потенцираше дека продолжиле со воспоставување на систем на континуиран раст на платите, посебно во образованието, детската заштита и воспитанието, како и во здравството.

-Во основното и средното образование ветивме и го остваривме зголемувањето од 15 проценти, и ако се земат претходните зголемувања во 2018 година од 5 проценти, 2019 исто од 5 проценти, 2020 година од 10 проценти, и ова последното зголемување, се работи за зголемување на платите во образованието за 36 проценти, рече премиерот.

Според Ковачевски, трансформацијата на државата кон полноправна членка не ЕУ лежи меѓу другото и во нашата способност да создаваме услови и средина, која им овозможува на нашите ученици да работат во добри услови и да се школуваат со наставни материјали кои што се со повисок квалитет.

Тој потсети дека 35 илјади вработени во образованието добија зголемени плати, а платите се зголемени и кај негувателите, а како што рече, во услови на незапаметена економска и енергетска криза во мандатот на оваа Влада, минимална плата е зголемена за сто проценти.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ