• Latest

Ковачевски: Владата ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Град Скопје

November 21, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Владата ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Град Скопје

November 21, 2022 12:14
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во рамките на своите надлежности ќе направи се што може за да ги доврши сите големи проекти кои се почнати во Скопје кои им се потребни на скопјани меѓутоа и на сите други градови. Работам со владиниот тим за да се согледаат можностите да преземеме дел од проектите во Град Скопје и да ги направиме заради скопјани а не заради политика, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.

-Обврска на оваа Влада предводена од Социјалдемократски сојуз, како политичка партија која се грижи и која има вредности во својот фундамент за грижа за сите граѓани, е дека мора да помогне на сите граѓани во рамките на капацитетите и можностите кои ги има. Во тој дух беше и посетата на Градот Скопје на министерот за локална самоуправа и на министерката за култура. Мислам дека сме пред договор за преземање на ингеренциите за Универзална сала за да може тој објект да биде завршен и даден на користење на граѓаните на Скопје, рече Ковачевски по отворањето на ЈОУДГ „Мило мое“ во општина Чучер Сандево во одговор на прашањето дали Владата ќе ги преземе ингеренциите во јавниот градски превоз во Скопје по хаосот што настана денеска.

Нагласи дека пред само една година претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одеше по градот и кажуваше дека Скопје ќе ја добие најдобрата мајка и ќе стане најдобриот и најмодерен град во светот. Потоа, како што кажа, на прес-конференција кажа дека ќе обезбеди бесплатен јавен превоз за граѓаните на Скопје и дека ќе купел нови електрични автобуси и дека ќе се изградела фабрика за електрични автобуси.

-Од тоа не само што нема ништо, туку и превозот којшто го имаше во Скопје го нема, посочи Ковачевски.

Постојат, додаде, и други проекти што требаше да се реализираат, а не се реализирани како пречистителната станица за Градот Скопје, огромен проект кој практично беше камен на сопнување за она што се случи во градот, бидејќи очигледно се обвинуваа за поделба на провизии помеѓу себе членовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Потоа имаме брз автобуски превоз во Градот Скопје кој е одобрен проект со финансирање од меѓународни финансиски институции и кој едноставно не се реализира, клучката на Момин поток – огромен проект кој е во застој, патот до Визбегово исклучително важна сообраќајница што треба да ја поврзи индустриската зона Визбегово, но и Чучер Сандево, подвозниот под зградите на Лимак  кој е скоро готов, а обврска на Градот Скопје е да ги направи кружните текови кај Нова Македонија – ни милиметар од тоа не е направено, прецизира Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Град СкопјеКовачевскипроекти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result