• Latest
Македонските национални телевизии

Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“, стравуваат независните медиуми од Источна Европа

March 1, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Кратењето на помошта од УСАИД ќе доведе до „темнина во која ќе умре демократијата“, стравуваат независните медиуми од Источна Европа

Според Репортери без граници, УСАИД во 2023 година финансирала обука и поддршка за 6.200 новинари, 707 новински куќи и 279 граѓански организации, кои работат на зајакнување на независните медиуми. 

March 1, 2025 10:09
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ
Македонските национални телевизии
Share on FacebookShare on Twitter

Независните медиуми во Источна Европа се загрижени дека одлуката на Американската администрација за намалување на средствата за странски програми на Агенција за меѓународен развој на САД (УСАИД) за 92 отсто ќе придонесе за демократско назадување во некои од земјите од овој дел на континентот.

Според Репортери без граници, УСАИД во 2023 година финансирала обука и поддршка за 6.200 новинари, 707 новински куќи и 279 граѓански организации, кои работат на зајакнување на независните медиуми.

Репортери без граници предупредува дека одлуката за кратење на средствата од УСАИД може да резултира со значителното влошување на медиумските слободи во многу земји каде поддршката од САД им овозможи на повеќе медиуми да работат независно од авторитарното влијание или да ги надминат економските тешкотии.

Според медиумски професионалци од источноевропските земји, наглото намалување на финансиската поддршка од САД може да и нанесе трајна штета на медиумската инфраструктура во Источна Европа.

Никита Дулнев, главен уредник на независната руска новинска куќа „Медијазона Централна Азија“ што работи од егзил, вели дека ако не се најде решение за финансирањето ќе дојде до „темнина во регионот, а демократијата умира во темнина“

– Ние сме мал тим новинари, а не прибирачи на средства. Со години имавме одредена поддршка и не се диверзифициравме многу. Затоа мораме да паузираме со нашата работа, изјави Дулнев за „Еурактив“.

Со неизвесна перспектива се соочува и киргистанската медиумска организација „Клуп“, која е регистрирана во Полска и чии вработени од безбедносни причини престојуваат во странство.

– Ако не можеме да продолжиме да им плаќаме, вработените би се соочиле со три тешки опции: враќање во Киргистан, што би било опасно по живот, да се обидат да најдат работа во Полска, која би можела да ги продолжи нивните дозволи за престој на многу краток рок или да аплицираат за статус на бегалец, што е далеку од идеално решение, изјави коосновачот на „Клуп“, Ринат Тухватшин.

Новинар на источноевропски медиум, кој побарал анонимност поради страв од правни и професионални последици, во изјава за „Еурактив“ вели дека медиумите кои примаат помош од УСАИД не добиваат „уредувачки насоки“ од Вашингтон.

– Им се даваат пари и се очекува да продолжат со објективно известување, додава тој.

Друг анонимен медиумски работник од регионот посочува дека голем дел од работата на овие медиуми е директно од корист за националната безбедност на САД, додека според претставник на невладина организација, голем дел од поединците на кои им се ускратува помошта преку УСАИД се истражувачи и новинари, кои разоткриле корупција, тајни операции и владини злоупотреби.

Според директорката на украинската невладина организација Институт за масовни информации, Оксана Романиук, со УСАИД „можеби соработувале“ над 80 отсто од медиумите во Украина.

Коосновачот на украинскиот медиум „Европската Правда“, Сергиј Судоренко вели дека многу медиуми во Украина во голема мерка се зависни од финансирањето на УСАИД и некои од нив сега морале да престанат со работа.

– Тоа има огромно влијание. Мојот медиум има среќа што случајно го избегна тоа, изјави Судоренко, додавајќи дека последната транша грант што требало да ја добијат од УСАИД била откажана непосредно пред исплатата.

Според него, одлуката на Американската администрација најмногу ги погодува медиумите кои работат на истражување и откривање на случаи на корупција. – Ситуацијата брзо се влошува, додава тој.

Стравувања за положбата на независните медиуми постои и во Србија, која изминативе години тоне на листата на Репортери без граници според индексот на медиумските слободи.

Во заедничка реакција на 15-тина српски независни медиуми упатена до претставници на ЕУ и на неколку земји членки се посочува дека „неочекуваното замрзнување на помошта од УСАИД веќе ја загрози слободата на медиумите во Србија“.

Според западен дипломат, финансиската состојба на медиумите во Србија дополнително е поткопана и поради политичката криза предизвикана од масовните протести.

– Суспендирањето на американските грантови, доаѓа како дополнување на драматичниот пад на приходите од реклами. Во последниве недели, огласувачите чекаат да видат како ќе се развива политичката ситуација пред да преземат какви било финансиски обврски, посочува дипломатот.

Директорот на неделникот „Време“, Стеван Ристиќ за „Еурактив“ изјавил дека независните медиуми во Србија се изложени на „постојан притисок“ од доаѓањето на власт на актуелниот српски претседател Александар Вучиќ пред повеќе од една деценија, бидејќи властите флагрантно продолжуваат да ги игнорираат „слободата на изразување и владеењето на правото“.

– Замрзнувањето на средствата на УСАИД е само последниот предизвик со кој се соочуваме, додава Ристиќ.

Извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ