• Latest

Кривичен суд одлучи – Мерки за претпазливост за Латас и Лазаров, Путин ја губи контролата врз реалноста, ново парламетнарно мнозинство на повидок

February 23, 2023

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025

Обвинение против Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино, за ширење омраза, расизам и дискриминација врз ромската заедница

November 17, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Кривичен суд одлучи – Мерки за претпазливост за Латас и Лазаров, Путин ја губи контролата врз реалноста, ново парламетнарно мнозинство на повидок

February 23, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Кривичен суд одлучи – Мерки за претпазливост за Латас и Лазаров

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки за претпазливост на новинарот Драган Павловиќ Латас и на јутуберот Стефан Лазаров во врска со обвинителниот предлог на Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Џоли: Путин ја губи контролата врз реалноста

Канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи контролата врз реалноста, една година по неговата инвазија на Украина.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Валас: Велика Британија ги „загрева“ производствените линии за оружје за да и помогне на Украина
елика Британија ги „загрева“ производствените линии за да го замени оружјето испратено во Украина и да го прошири производството на артилериски гранати за да му помогне на Кијив да ги протера руските сили, изјави во средата министерот за одбрана Бен Валас.
Борел: Ако не ги осудиме и запреме руските акции во Украина денес, ќе се зголеми ризикот за која било друга земја

Воената агресија на Русија против Украина има сериозни импликации за целиот свет. Свет на кој му треба да се врати мирот, но стабилен и траен мир во Украина е можен само во согласност со одредбите на Повелбата на ОН, со почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет на која било земја членка на ОН.

ФЛЕШ ВЕСТИ
ПОЛИТИКА
Разрешени Сали, Алити и Чупи

Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.

„За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.

Таравари: Со антиалбанската реторика ВМРО-ДПМНЕ по следните избори нема да може да најде албански партнер за соработка
Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во врска со бројните критики и обвинувања од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон АА, истакна дека со оваа антиалбанска реторика ВМРО само си наштетува себе си, бидејќи по следните избори нема да може да си најде албански партнер за соработка.
БЕЗБЕДНОСТ
Нови закани за бомби во повеќе училишта во Скопје
Министерството за внатрешни работи синоќа ја извести јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со вчерашните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 86 училишта, една градинка и Завод за рехабилитација во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

СЛОБОДНА ЗОНА

Украина е првото име на слободниот свет

Во напаѓачка смисла поглупав поход, ако така може да се нарече руската агресија, од инвазијата на Путин, мене ми се гледа само слоновското форсирање на Алпите од страна на картагенскиот фелдмаршал Ханибал, а во одбранбен поглед, поразите на Русите се поглупи и од поразот на Инките во судирот со Пизаро и неговите конквистадори, пишува во најновата колумна Тричковски.

Подготви: Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ