• Latest

Борел: Ако не ги осудиме и запреме руските акции во Украина денес, ќе се зголеми ризикот за која било друга земја

February 23, 2023
Кијив, 15 ноември 2026 (ДСНС)

НЕДЕЛЕН ВОЕН ИЗВЕШТАЈ | РУСКИ ТЕРОР ВО УКРАИНА: Над 2.300 дронови, загинати цивили и нови напади врз електромрежата

November 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Каде исчезнаа панкерите? За културата меѓу подрумите и блескавите химери

November 15, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Кога и Како?

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Борел: Ако не ги осудиме и запреме руските акции во Украина денес, ќе се зголеми ризикот за која било друга земја

February 23, 2023 11:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Воената агресија на Русија против Украина има сериозни импликации за целиот свет. Свет на кој му треба да се врати мирот, но стабилен и траен мир во Украина е можен само во согласност со одредбите на Повелбата на ОН, со почитување на принципите на суверенитет и територијален интегритет на која било земја членка на ОН.

Ова го изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој во средата се обрати на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

„Потребен ни е мир заснован на принципите на Повелбата на Обединетите нации, затоа сме тука токму во оваа сала. Ова е она за што се однесува резолуцијата – претставена од Украина.(…) Сакам да истакнам дека оваа војна против Украина не е „европско прашање“. Не се работи за „Западот наспроти Русија“. Не, оваа нелегална војна ги засега сите: Северот, Југот, Истокот, Западот. Целиот свет. Ние сме тука денес да ја повториме нашата поддршка за суверенитетот на Украина и нејзиниот територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници, како и за секоја членка на Обединетите нации“, нагласи Борел.

Тој потсети дека оваа недела, односно 24 февруари, се навршува една година откако Русија, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, започна криминална инвазија на Украина со грубо кршење на меѓународното право и основните принципи на Повелбата на ОН.

„Суверенитет и територијален интегритет. Ова се принципите што Русија ги напаѓа во Украина, секој ден. Тоа се и принципите што треба да ги поддржуваме секаде, секој ден. Ако не ги осудиме и запреме руските акции во Украина денес, ова ќе се зголеми ризикот за која било друга земја, на друго место во светот, да се соочи со слична агресија. Никој не може да се чувствува безбеден во свет во кој нелегалната употреба на сила би била нормализирана“, додаде политичарот.

Тој истакна дека членот 51 од Повелбата на ОН и дава на Украина неотуѓиво право да се брани, како и секоја друга членка на ОН. Украина има право да се брани себеси и своето население од секојдневните напади и гранатирање на руската армија. Европската унија ја поддржува мировната формула на претседателот Зеленски и ќе се обиде да обезбеди најширока можна меѓународна поддршка за нацрт-резолуцијата претставена од Украина, бидејќи овој документ го отвора патот кон одржлив и траен мир, според Борел.

„Европската унија отсекогаш била мировен проект. Бевме доста успешни во донесувањето мир на европскиот континент и негово промовирање низ светот. Тој е централен за нашата ДНК; тоа е во нашето потекло. А кога станува збор за Украина, вистинските прашања денес се: каков мир? Да, мир, но каков мир? Да, крај на војната: како да ја завршиме војната? Како да се постигне овој мир? Првиот очигледен чекор за мир е Русија да ги прекине своите напади и тоа мора да ги прекине сите непријателства и да ги повлече своите сили и воена опрема од украинската почва. И тоа мора да го стори веднаш, целосно и безусловно“, нагласи високиот претставник на ЕУ.

Тој истакна дека, додека Русија не престане со својата агресија, Европската унија ќе продолжи да и дава помош на Украина во нејзините потреби за самоодбрана, што е исто така во согласност со принципите на Повелбата на ОН. ЕУ ќе продолжи да и дава хуманитарна и финансиска помош на Украина и ќе работи на тоа Русија да одговара за нејзините постапки и воени злосторства извршени во Украина.

Борел ги поздрави напорите на генералниот секретар на ОН за мирно решение во Украина и нагласи дека меѓународната поддршка за правото на Украина на самоодбрана и напорите за изнаоѓање траен мир не се некомпатибилни – напротив, тие се надополнуваат и зајакнуваат. Во овој контекст, високиот претставник на ЕУ истакна дека нацрт-резолуцијата за мирното решение во Украина е изработена со целосна транспарентност и инклузивност и им се заблагодари на земјите-членки на ОН за дополнувањата и измените. Овие мислења, кои беа донесени во духот на добра волја, беа земени предвид и значително ја зајакнаа нацрт-резолуцијата.

Во исто време, високиот претставник на ЕУ одлучно го отфрли обидот на белоруските официјални лица да го искриват презентираниот документ со воведување манипулативни амандмани кои ги игнорираат фактите на теренот и не ја одразуваат неоправданата и неиспровоцирана агресија на Русија против Украина.

„Овие амандмани не се направени со добра волја. Ќе гласаме против овие амандмани и ќе ги повикаме сите земји-членки на Обединетите нации да го сторат истото и да ја поддржат нацрт-резолуцијата поднесена од Украина“, рече Борел.

Тој потсети на зборовите на генералниот секретар на ОН дека денес на светот му е потребен мир, но таквиот мир мора да биде во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право. Дојде време секоја членка на ОН да го даде својот глас за соодветната резолуција.

Како што е соопштено, на 24 февруари, Генералното собрание на ОН ќе одржи гласање за нацрт-резолуцијата, која ја нагласува потребата да се постигне сеопфатен, праведен и одржлив мир во Украина што е можно поскоро. На гласањето ќе му претходат дводневни говори на десетици земји-членки на ОН.

Подготви: А. Р. ? / фронтлајн.мк

Извор: Укринформ

Tags: БорелРусијаУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ