• Latest

Кривична пријава против Стевчо Јакимовски за „бесправно градење“

August 23, 2018

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава против Стевчо Јакимовски за „бесправно градење“

August 23, 2018 11:46
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кривична пријава за „бесправно градење“ против  поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски поднесе Управата за финансиска полиција.

– Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција.

Пријава за „бесправно градење“ е поднесена и против Ј.К., надзорен инженер во Карапанчевски компани ДОЕЛ Скопје во својство на надзор и А.М., одговорно лице во правното лице АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во својство на изведувач, како и против тие две правни лица.

Првопријавениот Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. `Партизански одреди` бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година спротивно на членовите 56, 59 и 67 од Законот за градење без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација. Потоа, појаснува во соопштение Управата за финансиска полиција, поднел барање за легализација на двете бараки кое лично го потпишал иако согласно член 2 став 3 в.в. стр. 1 и 2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти бараките не можеле да бидат предмет на легализација затоа што се изградени по стапување во сила на Законот за легализација.

Ј.К., пак, во својство на надзорен инженер во Карапанчевски компани, ангажиран од општина Карпош за вршење стручен надзор, во тек на 2012 и 2013 година согласно член 36 од Законот за градење бил должен да врши проверка над изградбата дали е во согласност со основниот проект и одобрението за градење и да го запознае инвеститорот и надлежниот градежен инспектор за утврдените недостатоци или неправилности констатирани во тек на градбата и да ги забележи во градежниот дневник. Спротивно на Законот за градење надзорниот инженер вршел надзор над демонтажата и изградбата на општинските бараки без одобрение за градење, потпишал градежен дневник, градежна книга и времена ситуација, соопшти Управата за финансиска полиција.

Третопријавениот А.М., пак, како одговорен во изведувачот на работите АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, ангажиран од Општина Карпош, согласно член 29 од Законот за градење бил должен да изведува градежни работи согласно со одобрението за градење, ревидираниот основен и изведбениот проект. Спротивно на Загонот за градење, укажува УПФ почнал со градежни активности на објектот без одобрение за градење и целосно ги изградил општинските бараки.

Од Управата за финансиска полиција посочуваат на член 50 од Законот за локална самоуправа според кој градоначалникот е претставник и застапник на Општината, раководи со општинската администрација и обезбедува правилно и законско користење, одржување и заштита на сопственоста на Општината во согласност со Закон и Статут. Според член 56 од Законот за градење, пак, изведувањето градби може да почне со издавање одобрение за градење правосилно во управна постапка, а градбите и деловите од градби издадени без одобрение за градење се бесправни градби. Согласно член 59 од Законот за градење, како што појаснува Управата, инвеститорот имал обврска писмено да го пријави почнувањето на градбата до надлежниот орган, градежната инспекција и инспекцијата на трудот пред почетокот на изградбата.

На 8-ми месецов Финансиската полиција покрена кривична пријава против Јакимовскки и за злоупотреба на службената положба и овластување, како и поради соизвршителство против четворица негови соработници. На предлог на Обвинителството, судот им изрече мерки на претпазливост со кои им е одземен пасошот и беа задолжени редовно да се пријавуваат во суд.

По изречените мерки од судот, Јакимовски изјави дека дека се работи за монтиран случај со цел да се дефокусира јавноста. Со пријавата за злоупотреба на службената положба и овластување Јакимовски и неговите соработници, според Основното јавно обвинителство, го оштетиле буџетот на Општина Карпош за 36.634.675 денари, овозможувајќи им да се стекнат со противправна имотна корист на правните лица АЛКОНПРОЕКТ ДООЕЛ Тетово во износ од 33.789.441 денар и С.М. Компани во износ од 2.845.234 денари. (МИА)

Tags: дивоградбакривична пријаваСтевче Јакимовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ