• Latest

Кризна состојба поради сериозност со заразата, на располагање ќе бидат приватните болници и Армијата

November 20, 2020
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кризна состојба поради сериозност со заразата, на располагање ќе бидат приватните болници и Армијата

November 20, 2020 09:29
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Советот за безбедност кој вчера беше прифатен од Претседателот на државата, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена поради исклучително сериозната состојба со КОВИД-19. Тоа ќе овозможи подобро менаџирање на сите капацитети и човечки ресурси, на располагање покрај јавните, ќе бидат и приватните болници со кои ќе управува државата, а во справувањето со епидемијата ќе помага и Армијата.

Премиерот Зоран Заев по состанокот на Советот за безбедност вчера рече дека Управувачкиот комитет во најбрз рок ќе предложи до Владата прогласување кризна состојба и тоа ќе биде најдоцна до вечер денеска. На владина седница синоќа почна постапката откако согласно со Законот за управување со кризи беа донесени решенија и  во Управувачкиот комитет и Групата за процена беа назначени в.д. директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и Беким Максути.– Со решенијата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата, по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба, беше соопштено од Владата по завршувањето на седницата.

Шефот на државата Стево Пендаровски на прес-конференцијата по состанокот на Советот за безбедност истакна дека состојбата со КОВИД-19 е исклучително сериозна, далеку полоша, рече, од пролетниот бран по бројот на заразени и починати. Во кризна состојба на располагање на државата ќе бидат капацитетите на приватните болници и нивниот кадар, но не станува збор за нивна национализација, туку за управување со нив во битката со пандемијата, како што рече претседателот – таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно.

Откако ќе биде прогласена кризна состојба, појасни претседателот Пендаровски, Законот за одбрана и Законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности надлежните институции, пред сè здравствените,  да добијат поддршка од Армијата.

Кризната состојба нема да значи ограничено движење односно полициски час, но ќе продолжат да важат препораките да не се излегува без потреба по 21 часот и да нема групирања, да се почитуваат сите мерки, особено мерките за лична заштита.

Во болниците и натаму има наплив од пациенти – два ката од зградата на Интерните клиники се речиси исполнети, се подготвува уште еден кат – на одделенијата на Клиниката за уво, нос, грло и на Клиниката за очни болести, каде што од денеска ќе се примаат КОВИД-пациенти.

Министерот Венко Филипче по состанокот на Советот за безбедност рече дека нè чека критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети. Спремни се да ангажирааат и дел од хируршките клиники и дека се прави севкупен план кој ќе ги вклучи сите ресурси.  Во ГОБ „8 Септември“ се веќе пополнети првично планираните 80-90 кревети и во следниот период, посочи тој, можно е поради огромен притисок таму да запре системот „МојТермин“ и да се сместат повеќе пациенти.

– На располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники, како и кадарот кој таму работи. За кратко време ќе направиме проценка со сè што се располага и во таа смисла заеднички со нашите државни капацитети ќе направиме и план за работа, рече Филипче.

Во врска со плаќање на лекувањето во приватните болници, според сегашното законодавство државата може да покрие најмногу до 30 отсто од трошоците. Кој и како ќе ги покрива останатите трошоци Филипче соопшти дека дополнително ќе се прецизира. Рече дека се работи за досега непозната ситуација и ќе бидат направени анализи и ќе се консултираат со  правните тимови.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 1258 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и дека има околку 60 слободни болнички кревети во КОВИД-центрите, напомнувајќи дека ситуацијата се менува од час во час.

Во 24-часовната статистика за вчера беа регистрирани 1198 новозаразени од 3081 тестирање. Речиси половината од нив (572) се во Скопје, а висок број нови случаи имаа и Битола (92), Прилеп (53), Штип (49), Велес и Охрид по 42, Куманово (41),  Струга и Струмица по 34, Кичево (33), Тетово (28), Свети Николе (20).

Починаа уште 26 луѓе, од кои осуммина од Скопје. Меѓу починатите вчера беа двајца 35-годишници – од Битола и од Охрид и 37-годишен пациент од Струга. Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси девет месеци, вкупниот број заразени достигна 51 213, оздравени се 30 204, починати 1423. Активни случаи има 19 586, од кои 9479 се во главниот град.

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ