пишува: Петрит Сарачини
Клучно за опстанок на модерните демократски општества во наредните години ќе биде борбата против омразата, дезинформациите и „алоритмократијата“ во јавната комуникација, кои ќе продуцираат се повеќе поделби и реално насилство.
Тие општества што нема да успеат во оваа борба, ќе тонат во внатрешни кризи и конфликти, до целосно внатрешно распаѓање.
Во оваа битка помеѓу нормалноста и лудилото, 2021 ќе биде крстопат за многу општества. И за нашето општество, се разбира.
Досега добро го одбиравме правецот на движење. Дали ќе биде така и овојпат, зависи од институциите, политичарите, медиумите…но најмногу од нас, и нашиот однос кон реалноста.
Оти, како што вели еднa позната изрека користена од повеќе светски умни глави – сè што му треба на злото да победи е добрите луѓе да не прават ништо за да го спречат.