Локалниот младински совет на Општина Крушево, викендов (на 21 и 22 јули) ќе го организира второто издание на „Крушево будно“, од 21 до 3 часот по полноќ, во Градскиот парк во Крушево, на кој ќе настапат локални диџеи и бендови, но и гости-учесници од целата земја.
Манифестацијата „Крушево будно“ годинава има и хуманитарен карактер, со поставување на кутии за помош на едно крушевско семејство на кое домот му изгорел во пожар.
Младите организатори на „Крушево будно“ ветуваат добра забава, уникатност и пријатен викенд во нивното гратче.