• Latest

КСЗД до ДИК: Непречено гласање за лица со попреченост и стари лица и фер избори без дискриминација и говор на омраза

October 2, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

КСЗД до ДИК: Непречено гласање за лица со попреченост и стари лица и фер избори без дискриминација и говор на омраза

October 2, 2025 11:44
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на претстојните локални избори, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) апелира да се исполнат препораките од донесените мислења со кои се утврдува дискриминација врз различни групи граѓани во процесот на остварување на избирачкото право.

Комисијата во допис до медиумите потсетува дека на 9 ти август 2021 година „утврди директна дискриминација извршена од страна на ДИК и индиректна дискриминација која произлегува од одредбите на Изборниот законик, врз основа на возраст, во остварување на гласачкото право на лицата кои наполниле 18 години, меѓу два изборни круга на претседателските избори во 2019 година“.

-Овие лица заради одредбите од Изборниот законик не можеле да бидат запишани во Избирачкиот список помеѓу двата изборни круга, а со тоа биле спречени да го остварат уставно загарантираното право на глас. Дополнително, Kомисијата за спречување и заштита од дискриминација на 3 декември 2021 година, донесе општа препорака со која и препорача на Државната изборна комисија да ги преземе сите потребни дејствија во насока на обезбедување на пристапност и соодветно приспособување на гласачките места, со што ќе се овозможи еднаков пристап на лицата со попреченост до и во гласачките места ширум земјата. Овие мерки и дејствија треба да обезбедат гласачките процедури, објекти и материјали да се соодветни, пристапни и разбирливи за лицата со попреченост, со цел остварување на правото на учество во јавниот и политичкиот живот на лицата со попреченост на еднаква основа со другите. Потсетуваме дека со последните измени на Изборниот законик, за условите за пристапност за сите категории за лица со попреченост до објектите каде што се наоѓаат гласачките места, се грижат соодветните институции и органи во чија сопственост се објектите, информира Комисијата.

КСЗД апелира до Министерството за социјална политика, демографија и млади „навремено и ажурно да достави податоци до Државната изборна комисија за сите лица кои се сместени во јавни и приватни установи за заштита на стари лица, т.е. домови за стари лица, со цел да можат и овие лица да го остварат избирачкото право“.

-Воедно, потсетуваме дека со процесот на деинституционализација околу 300 лица живеат во нов облик на заштита, односно живеење со поддршка во станбени единици, а кои со решението за сместување се уште се водат како лица згрижени во установите за социјална заштита на лица со попреченост (на адресите на Специјален завод Демир Капија, Завод за заштита и рехабилитација на деца и младинци – Скопје, Завод за заштита и рехабилитација „Бања банско“- Струмица). Со цел непречено остварување на избирачкото право на овие лица, на еднаква основа со другите, потребно е ДИК да обезбеди алтернативни гласачки места во местата на моменталните престојувалишта на овие лица по принципот на гласањето на болните и немоќните лица, повика КСЗД.

Комисијата апелира и до политичките партии, градоначалничките кандидати, носителите и кандидатите на советничките листи „да се воздржат од вознемирувачки говор и говор на омраза во текот на локалната предизборна кампања“.

-Со тоа ќе придонесат локалните избори да се одржат во фер, демократска и достоинствена атмосфера, во интерес на сите граѓани. Дополнително, упатуваме апел и до јавните личности, локалните функционери, новинарите и претставниците на граѓанските организации да се воздржат од употреба на говор на омраза и вознемирувачки говор. Тие имаат посебна одговорност да дадат позитивен пример во заедницата и да придонесат кон култура на почитување, толеранција и еднаквост, стои во апелот на Комисијата.

Доколку некој се почувствува дискриминиран или е жртва на говор на омраза, може да поднесе претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку нивната  веб-страница kszd.mk, по пошта на адреса ул. „Даме Груев“ бр. 1 или директно на contact@kszd.mk  

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ