• Latest

Ќучукова Николова: Општина Велес високо котира на листата на активна транспарентност

July 19, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

Ќучукова Николова: Општина Велес високо котира на листата на активна транспарентност

July 19, 2019 15:15
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Велес според истражувањата на граѓански организации што работат на полето на транспарентност и одговорност, вклучувајќи ги локалните здруженија на граѓани, високо котира на листата на општини со активна транспарентност.

Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски се задоволни од начинот на кој ги пласираат информациите во јавноста. И покрај тоа што постои простор за подобрување, грдаоначлникот е осбено задоволен од соработката со граѓанскиот сектор. Од друга страна, опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чии претставници во Советот на Општина Велес имаат ингеренции во однос на проектите и програмите на Општината не се задоволни. Како што изјави за ЦИВИЛ Медиа, Нада Трајкова, координаторка на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Велес, кварталните извештаи, ребалансите, извештаите на сите јавни претпријатија што се под ингеренции на Општината и слични документи не се ставаат на веб страницата на Општината, а јавните расправи не се доволно посетени.

Како трета страна и најобјективната во случајот, разговаравме со граѓанската активистка и новинарка Славица Ќучукова Николова од Велес, која има долгогодишно искуство во мониторирање на работата на Општината во повеќе сегменти.

„Сакам да го споделам искуството од истражувањето што години наназад Центарот за граѓански комуникации го работи за да ја измери активната транспарентност на инситуциите во државата. Оваа година Општина Велес беше меѓу првите десет институции со 83% исполнетост на критериумите што беа поставени за активна транспарентност. Активната транспарентност што самоиницијативно институциите го објавуваат на своите веб страници. Секако има можност за подобрување. Морам да кажам дека Општина Велес  во последните години, независно од промена на локалната власт и градоначалниците, високо котирала на листата за активна транспарентност. Од друга страна, како недостаток е што информациите кои ги споделува Општината се најчесто преку нејзината веб страница што се ажурира и преку социјалните медиуми, односно Фејсбук. Мислам дека недостатокот е всушност што моментално на територија на Велес нема традиционални медиуми. Двете локлани телевизии и радиото немаат информативни програми. Има и два протала, што ја остава Општината да најде други начини за комуникација со граѓаните за да ги пренесе информациите до пошироката јавност, затоа што сите целни групи не стигаат до нив“, објасни Ќучукова Николова.

Со оглед дека постарите лица не користат онлајн медиуми, таа смета дека пристапот треба да биде поинаков во недостиг на традиционалните медиуми или како на времето кога билтените на општината доаѓале, на пример, со сметка за вода.

„Инфoрмациите стануваат подостапни, особено за важни прашања, кога Општината прави јавни настани во соработка со граѓанските огранизации. Низ годините сме имале искуство кога се правеле такви партнерски организации на настани каде присуството било големо. Но, и тогаш помагале телевизиите што сега не е случај“, изјави Ќучукова Николова.

Општина Велес е транспарентна и пристапна, но сепак можност за унаредување постои. Градоначалникот смета дека Општината прави сè во рамки на своите можности и средства со кои располага, опозицијата на локално ниво останува незадоволна, а граѓанскиот сектор смета дека за разлика од други општини, Велес, сепак е за пофалба.

Биљана Јорднаовска

Камера: Дехран Муратов

Фотографија: Маја Ивановска

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ