Во Сирија е убиена кумановка, прпадничка на групата Исламска држава. Веста ја потврдиле блиски роднини.
– Кумановката пред четири години заминала од дома, а подоцна се дознало дека таа се наоѓа во Сирија, во редовите на војската на ИД, пишува порталот Реалитети.
Досега, на боиштата во Сирија и Ирак убени се најмалку 15 лица од Македонија.
Инаку, во изминатите два дена косовските медуми јавија дека во Сирија се убиени и двајца Косовци, припадници на ИД, со што бројот на косовските државјани што ги загубија животите на боиштата на Блискиот Исток се искачи на 76.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини