• Latest

Курир го негира и најочигледното, со „ексклузивни откритија“ спинуваат и водат црна пропаганда

August 23, 2019

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Курир го негира и најочигледното, со „ексклузивни откритија“ спинуваат и водат црна пропаганда

Уверението што самите „курири“ го приложуваат како „доказ“ со големи, црни букви, под празното место за име на државјан(к)ите, пишува: ИМА ДРЖАВЈАНСТВО МАКЕДОНСКО! Со што оваа вест е „ексклузивна“ и на кој начин Заев со овој документ го брише македонскиот идентитет, навистина е нејасно. Напротив, очигледно е дека се игра на картата на лажниот патриотизам и форсирање на национализам преку груба пропаганда и играње со чувствата на граѓаните. 

August 23, 2019 15:51
in БЛИЦ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БИЉАНА ЈОРДАНОВСКА

Деновиве, на Курир излезе ексклузивна вест дека Уверението за државјанство, со новиот изглед и промените, го негира македонскиот идентитет. Оваа веб страница, инаку со години позната по честите, речиси секојдневни „излети“ во светот на лажните вести и дезинформации, често се надминува и самата себе си.

Овојпат, се работи за тврдење на Курир дека: „Карактеристично во новото уверение е тоа што не постои македонско државјанство…“ и тоа веднаш под фотографијата од новиот дизајн на овој документ. И, се разбира, како во насловот, така и во текстот, за сѐ е виновен Зоран Заев, небаре тој седнал и го дизајнирал овој документ.

Повеќе од очигледно е дека во Уверението што самите „курири“ го приложуваат како „доказ“ со големи, црни букви, под празното место за име на државјан(к)ите, пишува: ИМА ДРЖАВЈАНСТВО МАКЕДОНСКО!

„Ексклузивната“ фотографија што ја објави Курир.

Според Договорот од Преспа, уставните измени и според Законот за употреба на јазиците, Уверението ги исполнува условите, но најочигледен е токму изразот ДРЖАВЈАНСТВО МАКЕДОНСКО, за кој во текстот на Курир се тврди дека е бришење на македонскиот идентитет.

Со што оваа вест е „ексклузивна“ и на кој начин Заев со овој документ го брише македонскиот идентитет, навистина е нејасно. Напротив, очигледно е дека се игра на картата на лажниот патриотизам и форсирање на национализам преку груба пропаганда и играње со чувствата на граѓаните.

„Веројатно, теоретичарите треба да измислат нов назив за ова што го прават „куририте“ во медиумите. Каде тука се урива македонскиот идентитет и како тоа не постои македонско државјанство, навистина не можам да разберам. Се разбира, тие го засилуваат својот напад и со аргументот дека документот е двојазичен и дека јазиците се рамноправни. Тоа воопшто не мора да се коментира понатаму. Со тоа само се дозакопуваат во дупката што самите си ја ископаа“, коментира Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во еден од своите рафали.

Оваа „ексклузивка“ на Курир секако може да послужи како добра илустрација до каде може да се оди со негирање на очигледното. Навистина претерано!

 

Share43Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ