• Latest
Војо Маневски

Курт бунар

July 26, 2021
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Проф. Андонов поднесе Претставка за противзаконскиот избор на Петар Богојевски за “насловен доцент” на Воената академија

July 4, 2025
Фото: Јован Андоновски/Фејсбук

Андоновски: Данок за неженети? Не за авторитарни реликти во демократско општество!

July 4, 2025
Мерц и Трамп. Фото: илустрација, генерирано со ВИ

Мерц разговарал со Трамп за купување „Патриот“ системи за Украина

July 4, 2025

Маск ја реафирмира идејата за трета политичка опција по спорот со Трамп за буџетскиот закон

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Додик формира резервен полициски состав, ЕУ и Велика Британија предупредуваат на можна ескалација

July 4, 2025

24 ЧАСА: Мицкоски со данок за ергени ќе ја реши демографската криза; Завршени вештачењата за Пулс и Онкологија; Судирите во Србија не стивнуваат

July 4, 2025

ЛАРИСА ДИР: И иднината на Украина и иднината на Северна Македонија е во Европската унија, две држави кои припаѓаат на европското семејство

July 4, 2025
фото: ВИ

Доста време ерген одев!

July 4, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против поранешниот директорот на Геријатрија, Мухсин Арифи и неговиот човек од доверба за примање мито од 20.000 евра за болничко згрижување на лице

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Курт бунар

July 26, 2021 11:54
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ 

Летово е некаде на средина. Високи температури или како што велиме ние штипјаните „горештина“. Штом одмине денот, некаде од Плачковица се собираат облаци како на партиски митинг да се повикани. Се зацрнуваат се збиваат и лути како антиваксери  го окупираат небото над градот. Силен ветер им ги мете улиците ,пред да се истурат над нив.

Дрвјата се свиваат како да наидува партискиот шеф за да направи нова кадровска селекција. Започнува да врне. Дождот не слегува од облаците во колона од капки, како што е редот пред пунктовите за вакцинација, туку одеднаш сите капки сакаат да слезат од облакот. Им станало тесно и неподносливо па како што нашите млади сограѓани итаат кон европските второкласни работни места, тако и тие поројно паѓаат врз улиците и околината на градот, не за да ја наводенат и ја згаснат нејзината жед, туку да ја обликуваат онака како што тие сакаат. Како да се светат што потоците се ставени во камени ракави и што мирисната земја е окована во асфалт и бетон. Со бес на длабока повреденост се обидуваат раните на природата да ги исчистат од вирусот со кој човештвото ја заразило.

Светот е преплавен со вести за големи горештини, поплави, пожари. Екот на несреќите поминува како статистичка вест, без премногу да ги погоди емоционално, гледачите или читателите. Непотребен стрес и зголемен крвен притисок е помислата кога пред катастрофата околу нас ,се браниме со незаинтересираност. Себичноста притиска врз човештвото потешко од било која природна сила, заканувајќи се да го врати таму од каде и изникнало. Земја беше и во неа ќе се вратиш, запишано е во светите книги пред векови и милениуми. Кој ќе биде по силен. Човештвото со својата неприродност или природата со својата човечност. Во таа борба нема победник туку пат кон рамнотежата меѓу природата и нејзиниот несакан производ –човекот.

Еден ваков летен и превртлив ден се обидував да се скријам од поројот што го беше притиснал градот. Од небото како со кофа некој да истураше вода. Си помислив, ете решило небото да го потопи светот. Го заобиколувам плоштадот кој личи на вештачко езеро и помислувам на новата брана над градот, што треба да се гради и езерското огледало во кое ќе се огледуваат штипските ридови. Под големиот јавор го затекнувам комшијата Трајан. Ситен човек со број на години што започнува со седум и се обидувам да се шегувам со бесот на природата.

-Бате Трајане, ај да бегаме од под јаворот да не не треште некој гром.

Гром во коприва не удира, а и каде да бегаме божја сила е ова. Стоев така до него едно половина час, додека стивнуваше олујата и се обидував да ја скратам неизвесноста.

Бре, бре, што вода падна, ама изгледа слабо фајде од неа. Се ќе однесе Брегалница во Вардар.

Стутканите веѓи, налик на грмушки, се развлекоа кога го дигна челото. Слушај синко земјата ќе си земе колку  и треба другото ќе си тече низ нејзините бразди.

Неговото чело избраздено од годините ми заличи на земјата низ која течат водотеците .

-Таква е природата таму има мерка , само кај нас луѓето нема мерка. Пиеме па се опиваме, значи пиеме повеќе од колку што ни треба, јадеме и се дебелееме . Значи јадеме повеќе од потребното. А за другото и да не ти зборувам. Имаме пет одаи а ни е потребна само една. На човек му е потребна куќа за да се сокрие од бесот на природата и од нејзините промени. Да се сокрие кога таа мирува, кога е студено за да може да ја дочека пролетта и будењето на природата. Како може да се ужива во засолниште, колку и да го нарекуваме тоа куќа или така некако. Животот треба да се одвива во природата и со неа .

Слушав како ми реди мисли и заклучоци како да е член на некоја невладина организација со еколошки предзнак.

-А ти пишуваш ли уште по газети? Се изненадив на прашањето и реков:

-Па понекогаш пишувам. Ги премести двете кесиња во едната рака и ми пружи рака.

-Те канам утре на моето лозје да ти покажам колку ние луѓето сме се одродиле од природата. Некако необврзувачки само климнав со главата и влегов во првото такси, пред облаците да го одиграат последниот танц за тој ден.

Утрото ветуваше повторно еден пеколен ден. Бугарија не му ставила вето на сонцето и тоа уште од рано како со декларација удира во прозорците на мојата куќа. Звукот од удари во капијата ме принудија да излезам во дворот. Стоеше чичко Трајан со ранец на грбот и стап во рацете.

-Ајде бе новинарче, уште ли спиеш, ајде утече денот!

Мајко мила, си помислив, кој ѓавол ме тераше да му ветам вчера дека ќе дојдам со него на лозјето. Но нема бегање од пишаното си мислам и на брзина се спремам. Тргнуваме низ клисурата што е излезен правец од Ново Село и накачуваме по винските покрај еврејските гробишта. Тревата веќе исушена а грмовите трње, посипани со жолти цветови меѓу ситните листови се распослале насекаде. Одиме низ еден дол каде има остатоци од патеки што некогаш се користеле а сега само делумно ја преживеале природата. Се разбира кога се диво месо на природното ткиво. Одеднаш пред нас излегуваат неколку високи дрвја. Две три тополи , неколку стари ореви и други за мене непознати соеви дрва.

Тенок млаз на вода тече од железна чепука обзидана со камења. На вертикалниот дел со нееднакви букви е напишано. КУРТ БУННАР.

Седнавме на камењата а Трајан извади мало земјено бардаче и ми го подаде. Е ај сега пивни од мојата ракија и после со рака зафати од водата, ако си почувствувал таков вкус досега слободно кажи. Се напив ама со вкусот што го потрошив врз други течности скоро и да не осетив ништо.

-А, кажи, кажи што чувствуваш? Мудро правев гримаси од задоволство а си мислев. Е, чичко Трајан, за чувство на вкус треба повеќе човечност отколку што преживеало во нас урбаните фаци.

-Ова е волчји бунар. На турски е курт бунар. Овде се граничеле нивите на Турците од Кадидере и нашите од Ново Село. Овде се сретнувале на вода и во пролет си разменувале калеми за лози и овошки. Ако се исуши некој калем тогаш околу Петровден или после Курбан Бајрам се калеми на лист.

Од торбата извади едно ноже со криво сечило.

– Е, овој нож го имам од своја десетта година. Татко ми ми го даде, кога прв пат калемив круша на подлога од џанка слива. А и татко ми го имаше веројатно од неговиот татко. Јас без ова ноже не одам никаде. Кога тргнувам на лозјето прво проверувам дали е врзано за гајката на панталоните. На пролет, поминувам покрај лозјата и нивите. Многу од нив се оставени синко, нема кој да ги работи. Гледаш колку трња има . Штом нема питоми дрвца растат дивите. Како и кај луѓето, што добронамерните стивнат се јавуваат оние со зли намери. Поминам и гледам, добра алтан цреша ,сечам гранче и барам некоја слива. Веднаш ја калемам и си заминувам. Кога пат повторно ме нанесе кај неа проверувам дали се зафатила. Околу Петровден исто, гледам некоја убава јаболка и земаме добри листови. Знам неколку скоруши и калемам на лист. Нешто ќе се исуши ама нешто ќе се зафати. Наградата ми е само зелената крошна на дрвцето, кои сум го калемил. Плодовите се за газдите за мене е убавата зелена крошна.

Додека мислите ми лутаа низ падините, Трајан стана и почна да собира од сувите гранки, што ги беше срушила вчерашната олуја. Ќе се најдат за зимница суви се. Синко не ми е јасно зошто секоја година луѓето купуваат дрва за горење, на кои уште стојат зелени лисја. Па тие дрва ниту добро горат ниту даваат добра топлина а  си го видел ли чадот од нив. Темен и црн, со мирис на нечовечност. Гориме она што не  е за горење. После природата се лутела, е ќе се лути кога ја повредуваме. А овие сувите дрвца кога горат, огинот подигрува и е бел и златен а мирисот е природна и никогаш не ти вади солзи на очите. Плака природата за сировите дрвја ама плаќаме и ние од чадот.

Гледаш ли по долот, колку грмушки на исушени дрвја има? Тие никогаш нема да пораснат повторно. Се сечени скоро до земјата и не останала кора со никулци што ќе израснат во стебло. Коренот ќе иструли и веќе дрво нема. А домаќините сечат на пола метро над земјата и тоа не се сече единственото стебло, туку едно од неколкуте што се развиле од коренот. Едно пресечеш, другото си расте. И така со години. Само сега нема домаќинлук. Се е само за сега и веднаш. За утре, што ни господ даде а во него не верувате. Тешко и на природата и на вас.

Со часови шетавме низ патеките покрај лозјата и овоштарниците. Ова беше на овој, ова беше на оној. Слушам имиња од разни вери и народи. Овде имаше дебели брестови, ми покажуваше во едно долче меѓу ридовите. Кога јас бев млад и јак не можев стеблото да го прифатам со  две раце. Високи со големи крошни. Имаше еден од Кадидере,  Ешрев се викаше. Тој ми кажуваше дека сто овци пладнувале под крошните на брестовите.

Неколку грмушки трње, сега стоеја на местото на некогашните горостаси.

-Се смени климата и брестови веќе  нема синко. Ретко некаде ќе видиш такви дрва. Можеби и ќе најдеш ама сега не се брестови туку закржлавени брестиќи како мешавина меѓу глогови трња и брестовите што некогаш растеа. Само тие сега виреат на оваа клима. Мојата клима беше друга, оваа е вашата. Спрема вера и вечера синко. Секој светец си има и тропар. Овој е за вашите генерации.

Трајан гледаше во небото и одеднаш ми рече:

-Ај да си одиме да не запука како вчера. Сега има многу куќи низ полето ама сите се заклучени. Викендички биле, велат сајбиите. А некогаш имаше секое лозје колиба од суви гранки за да се сокриеш, кога небото ќе се отвори и ќе не посипе со вода.

Така заврши разговорот со Трајан а кога поминавме покрај волчјиот бунар на кој пишува на турски „курт бунар“ како  да почнаа да ми се мешаат сликите на некогашните домаќини излезени низ лозјата и нивите. Доаѓаат по вода, облечени по свое. Некој со фес или чалма друг со каскета капа и клашнено палто. Фаќаат рака шака, си ги подаваат калемите и ги мијат кривите калемарски ножеви. Бресјата го засенуваат сонцето и прават пријатна ладовина а во долот волкот чека да се разотидат луѓето па и тој да може да се напие од водата на петровденската горештина.

На изворот што природата го дала на природна средба се сретнуваат луѓето, животните и растенијата. Постојат само во меѓусебна рамнотежа.

Штом таа се растури, страдаат сите.


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ