„Ако сакаме силна, безбедна и демократска Европа, мора да ја зајакнеме способноста на Украина не само да ги брани своите граници, туку и да го заштити својот информативен простор. Верувам дека Русија води војна не само со проектили, туку и со дезинформации. Во секоја земја што денес е со Украина, руската пропаганда се прилагодува — манипулирајќи со јазикот, историјата, религијата, полтичките прашања и друго. Оваа пропаганда е флексибилна, агресивна и многу насочена. Нејзината цел е да сее сомнеж, да ги подели општествата и да ги поткопа демократските институции“, рече Лина Кушч, прв секретар на Националната унија на новинари на Украина на настанот на Вестминистерскиот сојуз за Украина.
„Украинските новинари ја продолжуваат својата работа и покрај исцрпеноста, и покрај уништената инфраструктура како и покрај намалувањето на работната сила. Поддршката на овие медиуми не е само милосрдие— тоа е стратешка инвестиција во демократијата. Мора да го зајакнеме капацитетот на новинарите да ја преживеат војната и да останат во професијата. Како што спомнав, изградивме мрежа на центри за новинари — модел што успешно се користи во други земји погодени од војна, како што е Палестина“, истакна Кушч.
Мора, исто така, да го поддржиме граѓанското општество како полноправен партнер во националниот отпор. Граѓанското општество е нернвиот систем на нашата земја. И конечно, би сакал да го нагласам уникатниот и моќен феномен на граѓанското новинарство во Украина.
Превод: Н. Цветковска