• Latest

Квалитетни јавни услуги достапни до сите граѓани, приоритет за Царовска и Манчевски

June 24, 2018

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Квалитетни јавни услуги достапни до сите граѓани, приоритет за Царовска и Манчевски

June 24, 2018 12:07
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Министрите за информатичко општество и администрација и за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски и Мила Царовска, на министерска конференција во Маракеш, Мароко, зборуваа за обезбедувањето јавни услуги достапни за сите граѓани.

Во обраќањата на конференцијата, која е дел форумот за јавна администрација „Трансформирање на власта за остварување на целите за одржлив развој” во организација на Обединетите нации, македонските министри ги посочија заложбите за доближување на услугите што јавната администрација ги нуди до граѓаните.

Како што соопшти владината прес-служба, министерот Манчевски се осврнал на клучните принципи по кои се води Владата во своето работење, а тие се транспарентност и инклузивност во креирањето на политики и дигитализација на администрацијата.

Тој соопштил дека во изминатата година се преземени голем број мерки и активности за вклучување на сите засегнати страни во започнатите процеси како и целосно информирање на јавноста за преземените активности.

– Во тој правец беше одлуката за се зголеми бројот на денови за коменитрање на ЕНЕР, од 10 на 20 дена, со цел оставање поголем простор за вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис-заедницата и граѓаните при донесувањето нови закони, измени на закони…Пример за вклучувањето на сите засегнати страни во креирањето на политики е изработката на сите стратегии на кои работеше и работи МИОА во моментов. Тоа се Стратегијата за реформа во јавната администрација, стратегијата за широкопојасен интернет, за отворени податоци и за сајбер безбедност, истакнал Манчевски.

Во однос на  зголемување на квалитетот и достапноста на јавните услуги, тој информирал за националниот портал за е-услуги, проектот „Една точка за услуги“ и проектот за креирање електронски идентитет на граѓаните.

– Сите овие проекти имаат една цел, а тоа е преку можностите што ги нуди дигитализацијата да ги донесеме услугите до граѓаните. Да го подобриме квалитетот и сликата за јавната администрација, како сервис во служба на граѓаните. Само кога граѓаните ќе ги имаат сите информации за работењето на институциите и ќе бидат вклучени во сите процеси, само тогаш ќе имаме политики и мерки кои одговараат на потребите на сите граѓани, навел министерот за информатичко општество и администрација.

Министерката Мила Царовска, пак, зборувала за заложбите и активностите на Министерството за труд и социјална политика во однос на пристапноста до јавните услуги за сите категории граѓани.

Царовска, како што соопштува владината прес-служба, истакнала дека оваа Влада е целосно посветена на остварување на целите за одржлив развој.

– Наша крајна цел е да изградиме хумано општество на просперитет и благостојба за сите граѓани и никој да не биде изоставен. Само со обезбедување добри услови за живот, достоинствен приход и квалитетни услуги, може да се надеваме на одржлив развој. Работиме интензивно на проширување на мрежата на градинки, особено во руралните средини, воведување нови услуги на локално ниво како персонална асистенција, пилотирање на младинската гаранција и целосно реформирање на системот за социјална заштита, истакнала Царовска.

Таа се осврнала и на родовата еднаквост како клучен предуслов за равој на еднакво и демократко општество.

– Родовата еднаквост е моја лична заложба и програмска цел на Владата на Република Македонија. Презедовме значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Со промена на законот за минимална плата се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Ја ратификуваме Истанбулската конвенција за борба и заштита од сите видови на насилство врз жените и семејното насилство, истакнала министерката за труд и социјална политика на министерската конференција во Маракеш. (МИА)

Tags: Дамјан Манчевскијавни услугиМаракешМила Царовскафорум
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ