• Latest

Лажни вести шири кој ќе стигне, медиумска писменост мора да се вметне во образованието

November 7, 2019

Извештајот на Вајц денеска на дискусија пред европратениците

July 8, 2025
Фото: ЦУК

Според ЦУК, до седум часот утрово активни седум пожари, еден локализиран и еден под контрола

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

„Тие мора да бидат способни да се одбранат“ – Трамп кажа дека САД ќе испратат дополнителни пратки оружје во Украина, критикувајќи го Путин

July 8, 2025

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лажни вести шири кој ќе стигне, медиумска писменост мора да се вметне во образованието

November 7, 2019 15:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секојдневно сме „бомбардирани“ од дезинформации, лажни вести или полувистини. Популацијата на возраст од 15 до 34 години речиси никогаш не ги проверува информациите што ќе ги прочита на интернет просторот, а лажните вести буквално доаѓаат од секој сегмент и ги шири кој ќе стигне. Тоа го вклучува алармот да се делува веднаш, преку медиумска писменост која ќе се инкорпорира во наставниот процес од најрана возраст. Ова се дел од заклучоците на јавната дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието“.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспаретност  Роберт Поповски рече дека во Северна Македонија над 60 проценти од граѓаните што се на возраст меѓу 15 и 34 години интензивно се информираат преку Интернет.

– Следните податоци сега што ќе ги прочитам се многу сериозни и опоменувачки. Од оваа популација, 17 проценти кога се информираат преку социјалните мрежи и медиуми, никогаш не ги проверуваат информациите што ги добиваат, 27 проценти ретко, додека 39 отсто понекогаш. Вкупно 83 проценти од оваа популација кога е на Интернет и кога се информира, не обрнува внимание на содржината или не сака да провери дали е точна или не. Не навлегува во содржината или фактите или аргументациите, рече Поповски.

Според него, има недоволна проверка на информации, незаинтересираност, немање желба, непрепознавање на аргументите, фактите на сето она што не „бомбардира“ секојдневно и мора да се најде начин како да им се помогне на граѓаните да ја детектираат и подобро да ја препознаат оваа појава.

– Уште еден исклучително поразителен факт има за состојбата во нашата земја, за тоа на кое ниво е препознавањето информации на нашите граѓани. Според тоа истражување, Македонија се наоѓа на дното од 34 земји во препознавањето на лажните вести и дезинформациите. Ние сме убедливо последни, пред нас е Турција, па потоа е Албанија, БиХ, Црна Гора, Бугарија. Нашиот проблем е драматичен, но регионот исто така има проблем, рече Поповски.

Тој посочи и дека лажните вести ги оценуваат како современо оружје за масовно уништување тие го таргетираат секого, секоја индивидуа, семејство, група на луѓе и тие се глобален проблем.

– Веќе не важи онаа изрека „На лагата и се кратки нозете“. Напротив, денес на лагата напротив и се долги нозете, и тоа она што особено загрижува е кој се ги шири лажните вести. Не е коректно да ги обвиниме само медиумите и новинарите. Напротив можеби тие се најмалку виновни. Лажни вести и дезинформации шири кој ќе стигне. Политичари, политички партии и субјекти, центри на моќ, бизнис сектор, секакви други структури во општеството. Нема место од каде што нема извор на лажни информации. Сето тоа предизвикува еден хаос и комплетна недоверба на граѓаните дури и во себе, а пред се во институциите, истакна Поповски.

 

Министерот за образование и наука Арбер Адеми рече дека Владата се заложува да имаме сеопфатен национален образовен систем, каде што секогаш ќе се надградува со актуелни текови, модерни трендови кои ќе се имплементираат и на национално ниво.

– Конкретни чекори ќе се преземаат и веќе се преземаат од наша страна околу медиумската писменост, бидејќи е значајно прашање да креираме индивидуи уште од најмали нозе да направат дистинкција помеѓу тоа што е лажна вест и вистинска вест, а ова прашање влијае врз ставовите, размислувањата на секоја индивидуа за одредено прашање, истакна Адеми.

Тој смета дека ова прашање е и предизвик имајќи предвид дека и бројот, но и видовите на медиумите во нашата држава е значително зголемен, така што, како што рече има потреба конкретно да се фокусираме и во основно и во средно образование да имаме содржини или, пак, да имаме посебен предмет посветен на медиумската писменост.

– Преку еден инклузивен пристап слушајќи го мислењето на медиумите, слушајќи го мислењето на експертите, разгледувајќи ги анализите кои се направени на национално ниво, но и разгледување на искуствата во другите земји ќе постапиме во наредниот период кон заокружување на најдобар можен начин на ова прашање и инкорпорирање на истото во националниот образовен систем, оцени Адеми.

Феручо Бого, политички советник во Делегацијата на Европската комисија во Скопје, рече дека медиумската писменост значи да се биде способен за разпознавање на лажни вести, и тоа налага одговорна дебата, плурализам на мислење, критичко мислење.

Според него, медиумската писменост за младата популација значи да се препознае дезинформацијата, лажни факти или скриени мотиви. Тие, рече Бого, мора да се научат да се изразуваат на одговорен начин, почитување на различни ставови и почитување на приватноста.

– Поради овие причини медиумската писменост без сомнение треба да стане дел од наставната програма. ЕУ ги поддржува сите активности на властите за оваа цел. Активности кои ќе придонесат за младите да бидат активни и критички да ги примаат информациите, наместо само конзументи. За да има резултати овој процес бара и соодветна обука на наставниците, рече политичкиот советник во Делегацијата на ЕУ во земјава.

Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ