„Мислам дека треба да им покажеме на народот, дека либералната демократска контрола и рамнотежа е на пат да го даде она што тие го сакаат.
Ако е во прашање ефикасноста на демократското владеење, немаме проблем. И јасно е дека денес го имаме овој проблем. Имаме многу граѓани кои веруваат дека авторитаризмот е подобар, и мораме да покажеме, и одговорност е на политичарите да го направат тоа, и да ги натераат граѓаните да бидат свесни дека ако сакаме да ја задржиме демократијата, треба да ја спроведеме промената, да обезбедиме подобар живот“, посочи Жан-Ив Леконт, поранешен член на Сенатот, Франција, на панелот „Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија“, на конфернцијата „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
И за тоа, треба да изработиме добра програма, треба да им покажеме на луѓето дека тоа не е затоа што ќе направиме промени, поради проверките и рамнотежите, можеме да разговараме, можеме да дебатираме и можеме да го најдеме најдобриот компромис за обединување, сè за да го придвижиме општеството кон промени. Мислам, затоа што денес има многу предизвици, а политичарите не се подготвени да ги направат промените.
Сигурен сум дека, на крајот, проверките и рамнотежата ќе имаат поголема ефикасност од авторитарните режими, и тоа мора да го покажеме. И оваа слобода, оваа демократија, е токму она што го гледаме од три години во Украина. Не затоа што Зеленски е Зеленски, туку затоа што секој Украинец учествува во таа координација, во тоа единство, заклучи Леконт.
Д. Т.
Камера и монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Б. Тахири